Што и да направиш, не можеш да ме допреш ако јас не ти дозволам. Не можеш да ми пријдеш ако не ти дозволам да поминеш. По невидлива, но најважна патека. И што и да кажеш, не можеш да ме повредиш ако јас во тоа не верувам.
Бидејќи знам дека твоето мислење е само одраз на твојата перцепција. И не се лутам. Бидејќи не можеш да влезеш во мојот свет, освен ако световите не ни се поклопуваат. Не можеме ниту да се разбереме ако енергиите ни се одбиваат. За мене форма не постои. Па така ниту односите без содржина, туку само од формалност..
Во мојот свет тоа нема никаква срж, ниту квалитет. Јас давам ништо или се’. Или сакам или не. Нема помеѓу. Нема сива зона. Нема маски и скриени намери. Или е чисто и искрено. Или не е. Бидејќи мојот мир не е на продажба. Не го давам да го загрозуваш.
Не можеш да ме купиш, ниту да ме придобиеш. Ако тоа не е чисто и со душа, за мене не постои. А ако доаѓаш отворено и со полно срце, лесно ќе се препознаеме. И без зборови ќе се разбереме. Бидејќи душите ќе се почувствуваат. Очите ќе светнат. А тука бариера не постои.
Ива Брадариќ
Leave a Reply