Благодарност до бившите партнери, лажните пријатели и оние кои ми го берат гајлето

За бившите и покојните се’ најдобро. Дојдовме во фаза кога престанавме да ги анализираме причините за нагли раскинувања, неверства, извлекувања, играње мајтап, различни притисоци и нивни нереални очекувања. Повеќе себеси не си дозволуваме да бидеме патетични и очајни и со своите жалења да го храниме машкото его. Повеќе не дозволуваме над нас да се иживуваат и да ја покажуваат својата љубов и посесивност. Не даваме да не’ ставаат во окови на болна контрола.

Повеќе не поминуваат лагите за нивните пријателки и успатни авантури. Не поминуваат раскинувања, па ноќни повици по два месеци. Нема повеќе место за ништо токсично. Бидејќо љубовта не е поставување на психичка дијагноза и лечење на фрустрации и коплекси. И не, нема тука омраза, ниту желба за освета, за интрига кој на кого. Секој оди по својот пат.

Во срцето останува благодарност. Ќе кажеме: ти благодарам што ме изневери и што ми ги отвори очите, после тебе најдов нов партнер кој ме држи како капка вода во дланката! Ти благодарам што беше љубоморен! Јас заминав во нови животни авантури и ги проширив своите граници! Ти благодарам на твојата болна контрола бидејќи по прекинот добив одлична бизнис понуда!

Да, да драги бивши. После вашите трауми станав нова своја верзија! Вие бевте само едно скалило до остварување на моите најголеми животни цели!

Лажните пријателства ги отвораат очите. Кога ќе ги доживееме најтешките животни моменти, осознаваме кој останува на нашата страна. Кога ќе оболиме од тешка болест, гледаме кој останува тука до самиот крај, кој не се плаши од крв, повраќање и хемотерапија. Осознаваме кој ќе не’ гушка кога жалиме за загубата на некој сакан и почитуван. Гледаме и кој ужива и ја дели нашата среќа во моментот на нашата веридба, унапредување и секое ново славење. Гледаме кој завидува и кој е тука заради корист, само кога нив нешто им треба.

Кога созреваш останува само мал круг на најверни пријатели. Се’ друго е преправање, на неподносливо инстант и фејк ниво. Благодарни сме поради разликата во лојалноста, довербата, разбирањето, во лагите, критизирањето, потсмевот и сите особини кои ги имаат лажните пријатели.

Ружица

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: