‘Дозволете си себеси да згрешите’ – и други принципи на мудриот живот

Пуштете ги луѓето и ситуациите. Не се враќајте на можни опции за настани. Она што се случило, се случило. Кога ви е тешко да пуштите, поставете ги овие прашања: ‘Дали тоа ќе ми биде важно за 5 години? ‘Вечерва летам за Њујорк, дали со себе ќе го понесам овој проблем? Дали сте изгубиле време на нешто? Ако е така, тогаш зошто?

Внимавајте на својот изглед и здравје. Секогаш бидете подготвени за нови постигнувања и неочекувани средби. Цел живот сонувате да запознаете некоја личност и да ја сретнете. Но, кога ќе ја сретнете почнувате да и’ се извинувате: ‘Ееее- извини, денес не изгледам баш добро, знаеш, не е мој ден..’

Не кукајте и не се жалете над својата судбина. Паднавте. Тивко станете, одете и направете се’ што е потребно.

Патувајте! Патувајте два пати во годината таму каде што никогаш не сте биле. Патувањата ќе ви помогнат да се најдете себеси.

Дозволете себеси да направите грешка. Направивте грешка? Извлечете порака од неа. Грешката е голема прилика за развој.

Развивајте ја својата личност. Вие сте она што сте. Не се натпреварувајте со никој освен со самиот себе..

Носете сопствени одлуки. Не гответе по туѓи рецепти.

Не се форсорајте себеси. Светот е голем- во него дефинитивно постои некој на кој ќе му донесете среќа и обратно.

Не медитирајте секој ден. Научете да си простите и концентрирате.

Насмевнете се ако нешто не ви успее онака како што планирате. Запомнете, ако не добиете она што посакувате, понекогаш е тоа за ваше добро.

Научете да кажете НЕ. Не плашете се да одбиете нешто или некој. Проценете го секој збор кој ќе го изговорите поради вистината, услугата или љубезноста.

Размислете. Пред донесување на одлука проценете ја нејзината цена. Ако баш се налутите на некој- почекајте 24 часа пред да одговорите.

Бидете независни и доволни себеси. Вашата среќа зависи само од вас, а не од тоа како другите луѓе мислат и делуваат.

Почитувајте се себе и другите. Личноста се бира себеси. Не се мешајте во работи кои не ве допираат. Не гледајте во туѓ живот со мисли и зборови- не ги губите од вид своите избори!

Делувајте исклучиво во својата сфера на влијание. Не се грижете за она на што не можете да влијаете.

Бидете секој ден на отворено. Без оглед на време и расположение.

Верувајте во соништата и идеите. Времето не е линеарно.

Развивајте ги своите таленти. Запомнете- ги имате. Само отворете ги очите.

Бидете одговорни за своите зборови и дела. Вашите зборови се моќни.

Бидете верни. На луѓето, принципите и изборите. Да се биде верен не е вродена особина. Таа се развива.

Одредете ги своите приоритети. Се’ има свое место.

Победете ги стравовите. Стравот во повеќе случаи е само илузија.

Никогаш не се откажувајте!

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: