Постои легенда која зборува за човекот кој со години бил вдовец, со две ќерки кои сам ги подигал. Двете девојки биле многу љубопитни, паметни и секогаш подготвени за учење на нови работи. Редовно го испрашувале својот татко со безброј прашања за да дознаат нешто интересно и собирале многу знаење. Понекогаш таткото им давал мудри одговори.
Но, понекогаш се случувало да му биде тешко правилно да одговори на се’ што ги интересирало. Гледајќи немир во двете девојки, одлучил да ги испрати на патување, во посета на еден стар мудрец, кој живеел на врвот на планината, за да ги подучува. Мудрецот можел да им одговори на девојките на сите прашања кои ќе му ги постават, дури без двоумење.
Меѓутоа, двете девојки одлучиле да постават мала замка за да го тестираат неговото знаење и мудрост. Една ноќ го осмислиле планот: сакале да му постават прашање на кое не можел да одговори. Постарата сестра тргнала во шумата, па се вратила за еден час. Држела во својата шамија нешто убаво покриено.
– ‘Што имаш таму?’ прашала помладата сестра. Таа ја одвиткала шамијата и извадила прекрасна сина пеперутка. – ‘Убава е! Што планираш со неа’
– ‘Тоа ќе биде наш начин на мудрецот да му поставиме трик прашање. Ќе го прашам мудрецот дали пеперутката е мртва или жива. Ако каже дека е жива, ќе ја стегнам раката и ќе ја смачкам пеперутката. Ако каже дека е умрена, ќе ја пуштам да излета. Затоа, без оглед на тоа што ќе каже, неговиот одговор ќе биде погрешен.
Помладата ќерка ја прифати идејата и тргна во потрага по старецот. – ‘О, ти мудар човеку’- му се обрати постарата ќерка – ‘Дали можеш да ми кажеш, дали е пеперутката мртва или жива?’
На тоа мудрецот со насмевка одговара: ‘Тоа во потполност зависи од тебе, бидејќи е во твои раце’.
Нашата сегашност и иднина се во нашите раце. Никогаш не смееме да го обвинуваме другиот поради нешто што е погрешно во нашиот живот. И да изгубиме или да пронајдеме нешто, ние сме одговорни за тоа. Сината пеперутка е наш живот. Во нашите раце е што ќе направиме од него.
Leave a Reply