Жените често се потценети. Тие се кршливи, но силни. Нивната сила не е толку очигледна, како силата на мажот, но се едни од најмоќните суштества. Кога одлучи да не одговараш на неговите повици со тоа се избра себе и одлучи да бидеш силна. Правејќи го ова, покажа дека се почитуваш себеси. Кажа Не на она што е лошо за тебе, иако го сакаш.
Длабоко во себе знаеш дека тој не е твоја сидбина, но тоа не го олеснува страдањето. И покрај се’ што ти направи, ти му посакуваш се’ најдобро. Но, тоа не го вклучува и најдоброто што го има- Тебе. Доста ти е од неговите игри со твоите чувства, занемарување и непочитување. Доста ти е од некој кој не ја гледа твојата вредност, кој не е подготвен да ти ја покаже својата љубов. Доста ти е од неверојатни изговори.
Сакаше да простиш, се обиде повторно и си замина. Истовремено да се биде нежен и силен е ретка комбинација. Жените кои се повредени стануваат тешки. Не ги гледаат препреките. Но, тие почнуваат да осознаваат за што се и сами способни. Ако мажот лошо се однесува кон вас, тој не заслужува ваше внимание и љубов. Звучи едноставно, но тешко е и болно.
Што повеќе го одложувате прекинот на таква врска, тоа ќе биде уште поболно за вас. Колку и да посакувате, тој не ви е потребен. Се’ што ви треба е веќе во вас, не се плашете да бидете сами. Верувајте си себеси и на своето срце. Во ред е да се заземете за себе и да се простите од некој кој не ви дава љубов каква што заслужувате.
извор: http://www.pult24. info
Leave a Reply