Многу често може да се слушне од многу мажи дека денешните жени се пребирливи бидејќи имаат многу барања, дека ги гледаат само оние мажи од кои имаат корист. Ги нарекуваат со погрдни имиња и им препишуваат секакви епитети само врз основа на она што слушнале за нив, а не се потрудиле жените да ги запознаат подобро.
Воглавно тоа го зборуваат оние мажи кои немаат што да и’ понудат на жената и тука не се мисли на финансиска корист. Тоа се воглавно несигурни и слаби мажи кои не направиле ништо од својот живот и на кои некој друг им е виновен за се’.
Секој од нас во одредени години располага со одредени ресурси, пари, здравје, убавина и мудрост. Некој во животот имал повеќе среќа, некој помалку. Некој имал богати родители кои му оставиле големо наследство, некој своето богатство го заработил сам. Но има и од оние мажи кои влегуваат во врска со жена во која не носат ништо освен својата просечна плата и очекуваат поради тоа жената да ги почитува. Такви мажи обично изигруваат жртва и очекуваат жената да се грижи за нив како со мало дете и не се борат за себе и својот живот. Многу мажи кога ќе почувствуваат дека се слаби се откажуваат и се лутат на животот, на жените, на себе, бидејќи им е полесно да седат и да кукаат отколку да се соочат со животот, да ризикуваат и да направат некој успех.
И токму тие најмногу се жалат дека жените премногу бараат, а всушност тие немаат што да понудат. Не се во прашање само парите и скапи подароци. На жената и’ е потребна љубов, внимание и разбирање. Потребна и’ е сигурност и стабилност, а повеќето мажи често не можат да и’ ја понудат. Потребен и’ е некој да ја заштити и’ да и биде поддршка, а не некој кој таа ќе го носи на грб, кој ќе го издржува и ќе се грижи за него, без капацитет тој да го направи истото за неа.
Leave a Reply