Луѓето се вљубуваат и составуваат, но и се разделуваат. Не е можно однапред да предвидите дали ќе имате среќен однос со некоја лучност. Секој учи од сопствените грешки. Понекогаш се чини дека продолжувањето на комуникацијата со бившиот партнер и прифаќањето како пријател е одлична идеја. Но, во стварноста не е се’ така розе. Постојат најмалку 5 причини поради кои не треба да се остане пријател со својот бивш партнер.
Зошто комуникацијата со бившите е лоша идеја?
1. Дури и ако продолжите блиска комуникација со својот бивш партнер, никогаш не можете да изградите нова врска. Сигурно знаете дека никогаш повеќе нема да бидете заедно. На вашиот бивш ќе му биде непријатно да го гледа развојот на вашиот нов однос. Работите ќе бидат уште полоши ако некој од вас двајцата има силни емоции. Во тој случај љубомората ќе биде присутна во вашата комуникација, а пријателството нема да биде можно.
2. Има жени и мажи кои се сигурни дека сексот со бившите е многу добар. Интимниот однос со бившиот партнер може да ве доведе до тоа повторно да се вљубите во него. А ако неговото срце ништо не чувствува кон вас, тогаш можете да бидете многу повредени.
3. На вашиот нов партнер можеби нема да му се допадне вашата комуникација со бившиот. Ќе биде многу тешко да се објасни. И секогаш ќе постои сомнеж, кој може да ги закомплицира односите.
4. Комуникацијата со бившиот може да биде многу болна, ако сеуште не сте го исфрлиле од срцето. Ако желбите не се совпаѓаат, понатамошна комуникација ќе ви донесе многу негативни емоции.
5. Можете да имате потполно различни цели на комуникација. Да претпоставиме дека вашиот бивши ве сака назад. Во тој случај ќе се чувствувате нпријатно. Дури и ако сто пати му кажете дека е готово меѓу вас, надежта и понатаму ќе тлее во неговото срце само затоа што продолжувате да комуницирате со него.
Секако, можете да останете пријател со својот бивши. Но, тоа не значи дека треба да поминувате многу време со него и да ги кажувате своите тајни од личниот живот. Најдобро е да си ги честитате празниците и срдечно да се насмевнете ако повторно се видите- тоа е доволно за одржување на нормални пријателски односи.
Leave a Reply