Како да се дојде до душевен мир?

Душевниот мир е многу важно постигнување. За некои е тоа голема прекретница да дојдат до оваа состојба- им изгледа речиси невозможно или нереално. Сепак, можно е да познавате неколку луѓе кои велат дека го пронашле својот душевниот мир. Можеби во некои случаи е подобро да се каже:’ Во рамнотежа сум’. Често луѓето можат да се најдат во судир, па и понатаму да се чувствуваат урамнотежено. Сите живееме во центарот на овој стресен свет, се’ повеќе грижи отколку порано и со голема брзина се’ се одвива, но ако успеете да постигнете душевен мир, ќе доживеете чувство на рамнотежа за која зборуваме.

Што е душевен мир?

Тоа е стабилна рамнотежа која повторно се воспоставува после негативни искуства или способност без било какви влијанија да се помине низ било какви конфликти и предизвици. Постигнувањето на душевна рамнотежа значи постојана работа, но постојат неколку чекори, кои можат да ви помогнат да ја постигнете оваа состојба:

1. Поедноставете го животот. Нека ве загрижуваат што помалку работи. Секогаш имајте на ум дека квалитетот е подобар од количината. Ова се однесува и на пријателства- затоа престанете да трошите енергија на оние деструктивни пријателства кои ве фрлаат од рамнотежа. Размислете и за материјалните работи. Не дозволете на вас да влијаат трендови, реклами или мода. На тој начин подобро ќе го насочите своето внимание на важни работи. Ослободи се!

2. Мислете на сегашноста, не на минатото. Ако нешто не било добро, обидете се сега да ги поправите работите, но без приговор. Работете на својата сегашност и не се грижите премногу за иднината, бидејќи вашата иднина зависи само од тоа што сега правите. Концентрирајте се на овде и сега и обидете се да перципирате и да уживате што е можно повеќе.

3. Бидете благодарни и насмевнете се. Секогаш мислете дека чашата е напола полна, а не напола празна. Бидете благодарни на она што моментално имате, дури и на најмали работи. Бидете благодарни на себе, на родителите и семејството и почитувајте ги. Обрнете внимание на она што е добро. Секогаш насмевнете им се на луѓето. Насмевката пренесува смиреност, радост и добра харизма.

4. Запомнете дека се’ ќе помине. Без оглед дали сте во добар или лош момент- ако ви е добро, уживајте и во лошите денови запомнете дека и таа ситуација е на поминување. Времето лета.

5. Завршете го започнатото и довршете го циклусот на студии, работа, љубов итн. Треба да ги довршите сите работи кои ги започнавте. Работите со трпение, но исто така бидете трпеливи кон себе. Важно е некои работи да ги довршите намерно, за да напредувате. Овие чекори се важни. Запомнете дека се’ зависи од вас. Вие барате внатрешен мир и она што се случува во надворешниот свет не треба да влијае на вас. Живејте во сегашноста.

Поголемиот дел од времето живееме во страв бидејќи премногу размислуваме за минатото и жалиме поради работите наместо да живееме во сегашноста. Мирот во душата тоа го менува. Ви овозможува да се ослободите од работите кои се бескорисни и да научите да уживате во она што се случува овде и сега. Премногу грижа не е позитивна и здрава, па обидете се да ја исфрлите од животот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: