Дали ве изневерил некој кој го сакавте со цело срце? Дали некогаш ве ранила личноста која би ветила дека тоа нема никогаш да го направи? Ова одвратно чувство е предавство од некој на кој му верувавте. Ова е едно од најлошите чувства.
Тоа може да нанесе голема болка на вашата душа, на вашето срце, оставајќи лузни кои никогаш нема да исчезнат. Ви преостанува само стравот дека тоа ќе се повтори, дека и други луѓе ќе ве предадат. Ја рони вашата верба во луѓето и ве тера да мислите дека повеќе на никој никогаш не смеете да му дозволите да ви се приближи.
Но, ако личноста која ја сакате ве предаде, мора да бидете посилни и да се воздигнете над тоа. Еве неколку работи кои треба да ги запомнете.
Не сте вие виновни. Личноста можеби ќе се обиде да ве обвини, но тоа е нивна вина. Верувавте, се надевавте дека нема да ве предаде. И само во тоа се прелажавте. Но, го прекршија ветувањето и се осмелија да ве повредат.
Прифатете дека некои луѓе не се онакви какви што ви се чинат. Многу има глумци меѓу нас. Без оглед колку на некој му верувате, не заборавајте дека секогаш постои ризик дека и најблиските и најмилите луѓе можат да ве повредат. Понекогаш личноста можете да ја познавате со години и на крајот ќе дознаете дека таа не е онаква каква ви се чини.
За среќа такви луѓе не остануваат во вашиот живот. Кога некој ќе ве предаде, тоа е божји знак дека таа личност е отповеќе во вашиот живот. Дека токму сега ве научи убава лекција и си замина.
Престанете да размислувате за освета- таа само ќе ја зголеми вашата болка. Научете ја лекцијата од ова. Сфатете дека не треба да бидете лаковерни. Дека сите не се како вас. Дека таа личност не е за вас, дека тоа беше знак дека таа треба да се тргне од вашиот живот.
Не ја губете вербата во добрите луѓе. Верувајте во себе дека ова ќе го преживеете и ќе кажете збогум. Ќе заборавите. Направете го тоа за себе за да го заборавите поглавјето од својот живот и конечно да преминете на следното, на подоброто.
Leave a Reply