Човечка енергија: кои врсти постојат и како да се одредат?

Секоја личност поседува една или друга врста на енергија, која може да биде негативна или позитивна. Покрај тоа, некои луѓе имаат многу посилно енергетско поле од другите. Тоа им помага да се заштитат од штетните ефекти од лошите луѓе, а исто така го олеснува односот во стресни ситуации и проблеми.

Луѓето со добра енергија лесно ги перципираат тековите кои доаѓаат од Вселената, многу суптилно го чувствуваат емоционалното расположение на соговорникот, а понекогаш имаат способност за предвидување на иднината. Но, тоа не значи дека постои само една врста на енергија. Всушност, нив ги има 5 и многу е важно да се знае својот тип за да го разберете својот внатрешен свет и сопствената мисија.

Сензорските способности на личноста која ја поседува има широк распон. Можеби некои гледаат она што другите не гледаат. А некои имаат добро уво, способни се да ги фатат најтивките звучни бранови. Тоа се однесува на енергетското поле кое опфаќа се’. Докажано е дека апсолутно се’ што е создадено има своја енергетска вибрација. Постојат луѓе кои лесно ја одредуваат енергијата која ги опкружува. Тоа им овозможува лесно да ја утврдат кога таа станува послаба, а кога посилна. Во состојба се да ги читаат позитивните и негативните вибрации тогаш кога другите не знаат ниту што е тоа.

Стручњаците разликуваат 5 главни врсти на човечка енергија, кои се својствени за било која личност и која во одредена мера го одржуваат квалитетот на животот и меѓусебната соработка со надворешниот свет и другите луѓе.

1. Огледало. Оваа врста на енергија можеме да ја окарактеризираме на следниот начин: Тие луѓе точно ги одразуваат сите енергетски токови со кои се среќаваат во својот живот. Кога со нив се постапува нељубезно, таквите луѓе ја враќаат сета негативност назад. Луѓето кои имаат позитивна енергија, на потсвесно ниво, ги привлекуваат оние кои ги одржуваат нивните позитивни ставови.

2. Пијавица. Доживуваат постојан и акутен мањак на енергија, па се обидуваат да ја добијат на сите познати начини. Пијавицата може да создаде конфликтна ситуација за да извлече од таква ситуација енергија.

3. Ѕид. Постои категорија на луѓе за кои се вели дека се непробојни, како ѕид. Нивното енергетско поле е толку моќно и силно што другите не можат да ја вшмукаат енергијата од нив, ниту да се хранат со неа. Обично се затворени и резервирани, малку ги интересираат другите.

4. Заглавени. Имаат низок енергетски набој и постојано бараат личност на која можат ‘да се залепат’ и да ја префрлат на своја негативност.

5. Посредник. Таквите луѓе немаат способност да одолеат на сите токови на енергија. Ако примат некоја врста на енергија, тогаш едноставно ја пренесуваат понатаму и не ја носат со себе дома.

извор: www.litdic.ru

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: