Што значи слободна душа: особини на луѓето со слободен дух

Слободна душа или слободен дух е личност која достигна одреден степен на зрелост и емоционална стабилност, која се темели на доверба и независност. Затоа не е лесно да се дојде до врвот на личниот развој. Да се биде слободна душа не значи да се решите од сите одговорности. Ова е чиста заблуда. Вистинската слободна душа се разликува според меѓусебното поврзување со стварноста, која ја прават поспособна да се соочи и да ги надмине потешкотиите во животот

Слободната душа е како ветер. Таа оди секаде каде што ќе посака. Ништо не може да ја спречи да дојде до местото каде што срцето ја води.

Слободната душа е како вода: нежна, трпелива, но и моќна сила.

Слободната душа е како мислите: немирна. За слободната душа, движењето е живот, а животот е напредок, да се стигне каде што се сака и каде што треба.

Слободната душа е како мач. Таа го чувствува повикот да се бори, а не да штеди на чекори.

Но, како можете да знаете дека сте слободна душа?

1. Бирате, размислувате и делувате без потреба за одобрување на било кој. Ако дојдовте до точка во вашиот живот, каде не ви е потребна согласност од другите, тоа значи дека сте постигнале вистинска слобода.

2. Живеете без страв и имате голема самодоверба. Стравот е непријател на големите прилики и шанси во животот. Среќата е секогаш над стравот. Но, за да го преминете тој праг ви треба самидоверба.

3. Вие сте искрена, одважна и спонтана личност. Некои од вашите клучни особини на личноста се искреност, но и одважност. Спонтани сте бидејќи не ви е гајле што луѓето зборуваат или мислат. Ова ќе предизвика позитивна емоција и на оние околу вас.

4. Знаете за што се борите. Слободните души точно знаат за што се борат: за она што сакаат, за она што ги дефинира и секако својата среќа. Другото не е важно.

5. Слободната душа никогаш не паѓа во емоционална зависност. Сентименталната зависнот е уште еден непријател на личниот развој. Затоа, нудете најдобро од себе, но продолжете да работите на сопствената исполнетост.

6. Ценете дури и мали работи во животот. Да се биде слободен значи дека нема да се врзувате за она што ве спречува да растете или да го сакате животот. Слободата може да се оствари само ако некој умее да направи попис на приоритети и ако разбира дека најважните работи во животот не се материјални, туку чувства и искуства.

7. Животот ве инспирира, а вашиот став ги инспирира другите. ‘Слободната душа е ретка, но ќе ја препознаете кога ќе ја видите- затоа што се чувствувате добро, многу добро кога сте во нејзина близина’ Чарлс Буковски

Слободната душа гради позитивен став со тек на време, со надминување на одредени предизвици и преминување низ процес на созревање. Слободата е став кој се усвојува со одлучнист и истрајност. За да го постигнете тоа, треба да се биде свесен дека е потребно да се остават одредени работи во минатото и храбро да се чекори напред.

reference: A theory of Human Motivation

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading