Луѓето никако да разберат дека веќе ти е се’ преку глава и дека еден ден сите нив треба да ги тргнеш со едно ‘тресење’ и да куртулиш.
Ако немам пари и едвај составувам крај со крај, многу ми е гајле како заштеди за нов Мерцедес. Другар, јас ринтам како коњ за кирија и храна. Носи се подалеку.
Ако сум разведена, ако сум среќно разведена, оди кај својот маж и раскажувај му како бракот е супер работа, бидејќи очигледно мене тоа не ме интересира.
Ако живеев во дом и имав тежок живот и немам родители, навистина не ме интересира за твоето дисфункционално семејство или како многу си се расправал со родителите и како ете,тоа те обележа што толку рано си замина од дома и почна да пиеш рано…во 17 год.
Ако сум ниска, аман со тие шегите за ниски жени.
Ако ти побарам пари на заем, немој да ме прашуваш зошто ми требаат. Доволно е мизерно што ти барам, па немој по гордоста.
Ако пијам многу и во ‘гомна’ сум, немој да ми зборуваш дека немам проблем и дека се’ е ОК. Дека ќе помине. Натерај ме да водам сметка и да се соберам или ‘бриши’.
Ако во лудило ти кажам дека ќе заминам во Англија бидејќи ‘се вљубив’ иако не го познавам тој некој добро, немој да ме поддржуваш, туку кажи дека не сум добро.
Ако ми умре дете на пороѓај, само плачи со мене, немој да ми држиш мотивациски говори за животот.
Ако имам лоши заби и се плашам од забар, нема да ми помогне тоа што постојано ми зборуваш дека имаш баш супер заби, туку прашај: ‘Сакаш со тебе да одам на забар?’.
Навистина, луѓето понекогаш се за никаде.
Ако живееш во Њујорк и јас ти се јавам, немој уште во првата реченица да се жалиш. Живееме во Македонија, аман-заман.
Кога ќе раскинеме, тоа значи дека не се сакаме, не праќај пораки, не ме барај, не мислам на тебе, не, ние не сме ‘тоа’ и не страдам за тебе. Накратко, не романтизирај. Крај е.
Ако морам да пијам антидепресиви, немој да ми зборуваш дека треба да правам вежби, да бидам позитивна и дека треба да најдам некој и дека ми треба одмор од се’.
Само тргнете ми се од главата! И за мене најпаметно е да се отарасам од неприродниот тежок терет.
Кристина
Leave a Reply