Животот е убав. Животот е патување. Патување кое ве учи, ви помага да растете, ве турка до крајни граници на издржливост, ве исфрла од зона на комфорот, ви помага да станете подобра своја верзија. Но, животот е исто така непредвидливо брутален. А тоа навистина понекогаш може да биде тешко.
Понекогаш ви одзема се’ што ви даде и ве тера да се носите со загубата. Ви ја затвора вратата и ве остава сами во темницата. Ве соочува со препреките и ситуациите кои никогаш не ги очекувавте дека ќе ги доживеете. Го уништува вашиот свет и ве остава безнадежни.
Да, животот е понекогаш неправеден. Ви дава и ќе ви земе. Оние кои поминале низ такви искуства, знаат колку е тешко да се опорават од таа болка и да најдат излез од темнината. Тие знаат колку е застрашувачки да се бара светло во такви времиња. Но, знаете што тие уште знаат? Тие знаат дека без оглед колку патот се чини застрашувачки и мрачен, некаде надвор секогаш постои светлина. А тоа е доказ дека ништо не трае вечно. Колку да е дождот силен, сонцето секогаш се враќа. На крајот од тунелот постои светлина, само мора да бидете трпеливи и храбри за да го преживеете мракот низ кој одите.
Постои живот и после болката. Едноставно мора да бидете храбри да се обновите и повторно да се изградите себеси. Мора да бидете храбри повторно да измислите цел свој свет. За да се вратите на нозе и да одлучите како повторно ќе го задвижите својот живот. Да одлучите да го користите сопствениот глас за да се заштитите и да се борите, за она во што верувате. За да се ослободите од менталниот кафез во кој се ставивте себеси, за да ги раширите крилата и повторно да полетате.
Мора да бидете ‘храбри’ за да ги соберете своите скршени парчиња, да ги залепите и да го продолжите својот пат. Мора да пронајдете сила да продолжите понатаму после падот, дури и ако сте сами. Да го зграбите животот за рогови и да кажете : ‘Јас тоа го можам!’ Да ги осознаете своите грешки и да сфатите дека сте човечко суштество. Можете да бидете храбри и да се покажете онакви какви што сте. Да бидете свои. Дајте му на светот до знаење дека нема да толерирате помалку од она што заслужувате. Дека нема да се задоволите со трошки. Дека не се плашите да го пуштите својот глас кога се во прашање работи кои се важни.
Мора да бидете силни за да се борите за живот за кој сонувате. Потребно е време да пронајдете сила и храброст да направите се’ она што сте замислиле. Но, еднаш кога ќе се одлучите за тоа, многу работи ќе се случат многу лесно, без отпор. И токму тогаш ќе сфатите, колку навистина бевте јаки што се одлучивте да ја надминете болката и да продолжите понатаму. Ќе бидете горди на себе.
Верувајте, за себе не можете ништо повеќе од ова. Свртете нов лист. Охрабрете се да го промените својот живот. Па, тогаш погледнете како се’ она за кое некогаш сте сонувале се одвива пред вашите очи.
извор: uniqorner
Leave a Reply