Поучна приказна: Вистинската љубов никогаш не умира

На крајот на една ливада стоеле Љубовта и Осаменоста, набљудувајќи млад вљубен пар.

Осаменоста и’ рекла на Љубовта: – ‘Сигурно ќе се разделат’

Љубовта возвратила: -‘Почекај малку! Дај ми шанса да проверам само една работа кај нив, а потоа ти можеш да одиш колку што сакаш пати.’

Осаменоста се сложила со тоа. А љубовта им се приближила на вљубените, ги допрела, ги погледнала во очи и го забележала сјајот. Се вратила назад и му рекла на Осаменоста:

– ‘Ајде, сега си ти на ред!’

– ‘Не’, – одговори Осаменоста

– ‘Сега ништо не можам да направам, сега се нивните срца исполнети со Љубов. Ќе дојдам малку подоцна.’

Поминало некое време и Осаменоста поминала покрај куќата на овој вљубен пар и видела млад татко и млада мајка со новороденче. Осаменоста се надевала, дека до тогаш Љубовта ќе ги напушти и нетрпеливо очекувајќи, прекорачила преку нивниот праг. Но, погледнувајќи им во очите, тие гледале само Благодарност.

Се свртила назад и кажала: -‘Ќе дојдам подоцна’..

Поминало уште многу време и Осаменоста се појавила повторно пред нивната врата и слушнала детско викање. Таткото штотуку се вратил од работа, а мајката ги заспивала децата. Осаменоста повторно се понадевала, дека овој пат ќе може да ги раздели, бидејќи рекла:

-‘Помина толку време и Љубовта и Благодарноста досега требаше да ги напуштат нивните срца’.

Но, погледнувајќи им во очите сега во нив забележа Почитување и Разбирање.

-‘Ќе дојдам подоцна’ – рекла и заминала.

Поминало повторно многу време. И Осаменоста, по обичај, уште еднаш се појавила пред домот на вљубените. Забележала дека децата пораснале. Таткото седел и нешто им објаснувал на синивите, а мајката приготвувала вечера во кујната. Загледувајќи им се во очите, Осаменоста уште еднаш се разочарала, гледајќи во нив Доверба.

Поминало многу време од тогаш. И Осаменоста уште еднаш свратила во истиот дом. Забележала сега дека внуци влегуваат од куќата, а крај каминот седи тажна и стара баба. Осаменоста ја погледнала и рекла:

– Тоа е тоа, дојде и мојот момент! Сакала тогаш да ја погледне во очи и да се увери, но истиот момент старицата станала и излегла од дома. Осаменоста тргнала по неа. Наскоро, некогаш млада девојка, а сега стара жена, стигнала до гробишта и седнала покрај еден гроб. Кај својот сопруг.

– ‘Изгледа повторно задоцнив’ – рече Осаменоста. Времето го доврши она што е моја задача’.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: