Ценете ги оние кои ве бараат и сакајте ги оние кои не ве напуштаат

Никој не може да ја доведе во прашање потребата за љубов, како и потребата за храна, воздух, светлина, вода и сонце. Љубовта е само спонтано и природно чувство. Затоа, не заборавајте: ценете ги оние кои ве бараат и сакајте ги оние кои не ве напуштаат.

Подеднакво е беспотребно да барате љубов во друга личност или да и’ забранувате на личноста да ве сака, бидејќи секоја љубов произлегува од спонтаност и наша внатрешна слобода. Не можеме да го контролираме она што содржи убавина и понекогаш боли, но секогаш не’ учи да се осознаеме себеси.

Вредноста на оние кои покажуваат интерес за вас. Понекогаш поради љубовта личноста страда, но сепак е погрешно верувањето дека љубовта не’ оддалечува од здрава и урамнотежена врска. Сакајте и делете, уживајте заедно. Но, сакајте а сепак задржете го својот простор, останете слободни.

Со пријателите и со партнерите ги прифаќаме ситуациите во кои сами мора да покажеме интерес, во кои само ние велиме: ‘те сакам’, во кои се чини дека само ние сакаме да делиме совети со друга личност. Многу е тешко да се прифати фактот- ако некој не се јавува, тоа е затоа што не сака да разговара со вас, ако бара изговири да не ве види, тоа е затоа што не сака да ве види и ако не сака да каже ‘те сакам’ тоа е затоа што тој така не чувствува.

Нашето его не прифаќа луѓе кои не’ игнорираат со изговор: ‘Веројатно е зафатен’, ‘Не го слушна телефонот’, ‘Не ми кажува дека ме сака, бидејќи се плаши’, но важно е да бидеме реални, да ја согледаме ситуацијата каква што е: ако некој не’ сака или не не’ сака, не можеме на тоа да го присилиме.

‘Љубовта не треба да се разбере, само треба да се покаже’ Паоло Коељо

Спротивно на тоа, ако некој покажува интерес за нас, се грижи, не’ бара, пишува, мора да го цениме тој интерес, таа искрена демонстрација на наклоност и почитување. Спонтано покажување на наклоност нешто е што доаѓа од срце, што не’ тера да размислуваме за она што е навистина важно.

Љубов која сака да биде покрај вас. Личноста која навистина сака да биде покрај вас, ќе се јави да праша како сте, со вас е во тешки моменти, ве гледа во очи и внимателно ве слуша што имате да кажете, ве почитува и цени и поради она што сте, ви се восхитува и тоа ви го покажува. На крајот, тоа е личноста што ве сака.

Кога вистински сакаме знаеме како да разликуваме да- ‘бидете едно’, што го уништува поединецот заради целината од- ‘да се биде емоционално сплотен’ што подразбира да се има врска во која личноста ги задржува своите особини и разлики.

извор: uniqorner

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: