Што ако сето тоа е недоразбирање?

Ако барате најмал заеднички содржател на сите човечки проблеми, расправии, предавство, навреди, најверојатно има само еден збор: Недоразбирање.

Некој нешто не разбрал добро. Некој нешто правилно не рекол. Некој збор се кажал однопаку. Некој на време не ја кажал вистината, некој на време не бил доволно присутен и прибран, па не разбрал. Некој многу сакал нешто да слушне, па не ја слушнал вистината. Некој едноставно не зборувал со тој јазик. Да разберел, ќе се разберевме и ќе препознаевме дека сите сакаат исто. Сите сакаат да бидат среќни, здрави и сакани. Сите.

Но, недоразбирањето е во тоа што очекуваме од другите тоа да ни го обезбедат. И недовербата ќе се случи, бидејќи поради очекувањата ги обвинуваме другите. А потоа престануваме да комуницираме. Или ги преобликуваме зборовите или ја сокриваме суштината или одиме одоколу или подразбираме дека кажавме.

Ова е вистинско време да ја препознаеме моќта на зборовите. Еден збор креира се’ (светот). И исто така еден збор може да разруши се’. Не се фаќајте на туѓи зборови. Но, мудро и вешто користете ги своите.

Ако некој не разбира, а важно ви е, пронајдете вистински зборови. Тие секогаш доаѓаат од срце.

Со кој денес можете сепак да искомуницирате од срце? Со кој можете да направите спогодба? И кој е денес вашиот збор кој ги креира световите?

Ана

Leave a Reply

Up ↑

%d