Да се збогувате со луѓето на кои повеќе не им сте потребни е знак на зрелост

Колку пати во животот сте чувствувале потреба да се збогувате со некој? Вистина е дека тоа не го правите поради околностите, туку затоа што во текот на животот мора да прекинеме повеќе од еден однос, дури и ако боли.

Да се поздравите засекогаш, значи да се покаже зрелост, повторно да се откриете себе, бидејќи одредени околности или некој ќе бидат заслужни за тоа да се одвоите од најважните животни компоненти- сопствената среќа и ментална рамнотежа.

Се збогувам од тебе бидејќи повеќе не ти требам, бидејќи не сум ти приоритет, бидејќи твојата празнина ја прави мојата поголема и затоа што одамна се простивме иако тоа не го кажавме на глас. Всушност, можеме да кажеме дека разделбата не боли толку, како помислата на желбата за враќање на некоја личност. Бидејќи во тоа не лежи само нашата сопствена сила, туку и нашето достоинство.

Никогаш не смеете да дозволите да попуштите и да трчате по некој на кој не сте му потребни и кој знае добро каде сте. Ако тоа го направите, си нанесувате големо страдање, ја слабеете самодовербата и истовремено му давате моќ на одредена личност, која на тој начин ја одредува вашата среќа или несреќа.

Но, вие треба да бидете личноста која ја дефинира својата среќа, цврсто го држи својот живот во рацете и точно знае кој заслужува да го троши неговото време, соништата и надежта.

Потребна е храброст и љубов за да се збогувате со некој. Би било убавода е се’ полесно, да постои некој волшебен напиток, едноставно и лесно да ја затворите вратата на вашето срце, на оној кој повеќе не ве сака и да ја научите уметноста на заборавот.

За да се збогувате со некој е потребна храброст. Тоа е чин на лична волја за продолжување на сопствениот живот. Тогаш завршуваме со една етапа во својот живот, бидејќи се потсетуваме себеси дека нема да дозволиме да страдаме. Бидејќи кој и да се откажува од вашиот живот, не го заслужува вашето присуство.

Не постои ништо како чист заборав, кој не остава ниту трагови, ниту лузни. Бидејќи збогувањето со некој понекогаш има последица -после тоа мора да излечи многу душевна болка, која не поминува така едноставно со времето и месеците кои поминуваат.

Времето не ги лечи сите рани ако ние нешто не допринесеме, затоа треба да размислиме за некои работи. Решете се од се’- од луѓе на кои повеќе не им сте потребни, како и на сите негативни емоции кои ве држат поврзани со луѓето кои на некој начин ви нанеле штета. Кога ова ќе го направите, можете да живеете ослободено.

Ако го собирате секој камен на својот пат, на крајот нема да можете да одите по својот животен пат поради самиот терет, па ќе паднете покрај патот. Затоа, ослободете се!

извор: uniqorner

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading