Влијателниот новинар Walter Winchell еднаш рече: ‘Никогаш над тебе. Никогаш под тебе. Секогаш пред тебе’..
Иако се чини многу логично, тоа не се случува во секоја врска. Всушност, во врска со премногу барања и очекувања постои јасна нерамнотежа во динамиката на односите. Сосем е нормално дека двајцата партнери поминуваат многу време заедно или многу размислуваат еден за друг. Меѓутоа, не е здраво кога влегуваме во личниот простор на нашиот партнер во толкава мера што едвај имаме сопствен живот.
Често се случува во вакви односи. Постојат луѓе кои не сфаќаат дека се потполно навлезени во токсична врска. Тогаш кога прифаќаат одредени обрасци на однесување како нормални. За нив загубата на интимност и индивидуалност е врзана за љубовта која ја чувствуваат кон другата личност. Во оваа статија делиме некои знаци кои можат да укажат дека сте во токсична врска.
Губење на автономија. На почетокот на вљубувањето, губењето на идентитетот по малку се чини нормален, но по поминувањето на оваа фаза, започнува изолација. Така луѓето можат да почнат да се изолираат од сите други. Двајцата партнери на почетокот обично не сфаќаат дека тоа се случува, но порано или подоцна стануваат свесни за одредена социјална изолација. Од друга страна, се верува дека на секоја личност и’ е потребен одреден степен на индивидуалност во врската. Тоа значи дека двата партнери треба да имаат свои социјални односи и општествени кругови.
Ако го изгубат контактот со други, стануваат склони кон злоставување..Исто така тоа може да доведе до љубомора, судир во нивните односи со трети страни и влошување на социјалните односи.
Асиметричен однос. Уште еден највпечатлив аспект кој го идентификуваме во премногу токсични односи е асиметрија. Кога било кој партнер, па дури и двајцата, покажуваат доминантни склоности, што го спречува личниот развој и може да доведе до претерана зависност, манипулација или злоставување. Еден од примерите за ваков однос е кога еден партнер бара постојаното одобрување од другиот.
Неуспешни обиди да се врати независноста. Уште еден знак кој може да покаже дека сте во токсична врска е кога се обидувате да ја повратите својата независност, но партнерот ви ја скратува таа можност. Иако тоа не е лесно да се забележи, тоа сепак се случува. Меѓутоа кога еден од партнерите ќе стане свесен, можеби нема да биде подготвен да се соочи со проблемите кои можат да се случат со обидот да се излезе од оваа ситуација.
Во тој контекст, пронаоѓњето на нови пријателства и социјални односи може за нив да биде позитивна работа. Тоа може да биде како пиење кафе со колега или член на семејство.
Страв од осаменост. Уште една работа која можеме да ја забележиме во премногу токсична врска е страв дека ќе останеме сами ако партнерот не’ напушти.
Општо, тие стравови доаѓаат од минати искуства кои можеби се случиле во некоја претходна врска. Овие искуства создаваат несигурност и можат да влијаат на врската со друга личност. Во тој случај комуникацијата е неопходна, но мора да бидете многу внимателни и да го одберете вистинскиот момент, зборови и тонот на гласот. Меѓутоа, понекогаш причините за таквото однесување се длабоко вкоренети што ќе биде голем проблем.
Leave a Reply