Кога вашиот партнер не ја разбира вашата депресија

Депресијата не е така едноставна. Не е настинка, ниту скршена нога. Нема да се излечи со бакнеж и со зборовите ‘те сакам’. Ова пореметување е сурово, долготрајно и со причина треба да се биде загрижен. Депресијата фрустрира, држи лутина, а изолацијата ја прави подрага. На луѓето околу депресивната личност им е многу тешко.

Ако партнерот не ја разбира депресијата, таа може да стане уште потешка. Тешкотијата не лежи во прифаќањето на депресијата, туку во неможноста да се разбере и да се реши оваа состојба. Љубовта која им ја покажуваме на нашите партнери не е доволна во тие ситуации, а не е ниту нашата волја да им помогнеме. Често мора да се соочиме со одредени факти за кој никој не е подготвен на емоционално ниво. На пример, ќе видиме дека нашиот партнер повеќе сака да биде сам отколку во наше друштво. Тие ќе избегнуваат физички контакт и ќе престанат да бидат заинтересирани за нашите секојдневни рутини и борби.

Кога сме заробеници на психолошко пореметување, животот го губи својот ред, смисла и логика. Ако нашиот партнер не ја разбира нашата депресија и не е способен да се движи покрај нас, без притисок или сугерирање, тогаш опоравувањето ќе биде многу подолго.

Прво се збунети. Депресивниот партнер има тенденција да изостане во секоја смисла. Тоа се случува бидејќи овие симптоми се во спротивност од секоја среќна врска. Нема емоционална и сексуална желба, нема интерес и надеж. Од друга страна, партнерот кој не ја разбира депресијата, ќе почувствува и вина. Ќе се обвинува за пореметувањето на саканата личност што е погрешно.

Партнерите вообичаено прават две грешки. Прво, се обвинуваат себеси за депресијата на својот партнер. Второ, симптомите на депресивната личност ја сфаќаат лично и како навреда. Не можеме да бидеме фрустрирани бидејќи нашиот партнер не одговара на нашите потреби, совети или добри желби.

Како можеме да му помогнеме на партнерот кој минува низ депресија? Дефинитивно нешто не е во ред ако нашиот партнер не ја разбира депресијата и греши кога се обвинува. Секој однос треба да биде зрел за да може да се носи со било какви препреки, вклучувајќи ја и депресијата. Мора да разбереме дека личноста со депресија не ја изгуби способноста за љубов. Всушност, она што изгуби е способност да се сака себеси.

Во тој момент најмногу им треба партнерот. Ако не се во состојба тоа да ги разберат, последиците ќе бидат тешки. Депресијата за никој не е лесна. Најважно е да не се одбие помошта која ја нуди партнерот. На крајот, многу е поубаво кога имате интимен партнер кој е подготвен да ви помогне.

извор: exploringyourmind.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: