Ова се зборови на Теодор Рузвелт и многу се моќни.
Работете за својата подобра иднина, но во секој момент сетете се: не размислувајте премногу за утре, го нема, можеби утре не постои! Ништо не е гарантирано. Искористете го ова денес кое го имате, овој момент, овој час, оваа минута. Живејте за денес! Направете се’ максимално, искористете ја секоја прилика и тогаш ќе се отворат нови прилики за вас. Поминувајќи лесно низ животот, без оптеретувања и вишок на багаж, ќе сфатите дека дури тогаш ќе почнат да ви се отвораат прилики.
Не се напрегајте. Направете се’ денес со максимална посветеност, љубов. Нека ви стане тоа навика. Ако ја немате, создадете ја. И тогаш можете да се изненадите со чудна комбинација на околностите на вашиот успех, бидејќи тоа не се необични околности, туку едноставно направивте се’ што можевте со она што имавте, таму каде што бевте во одреден момент.
Сфатете дека животот е ‘несериозен’, непредвидлив, несигурен- зошто тогаш да бидете премногу сериозни? Сфатете дека најдобрите работи се случуваат кога најмалку очекувате и кога вложувате најмалку напор, ‘сериозност’ а со тоа и отпор.
Ова не значи дека треба ‘да се крене рака’ од животот или да се биде речиси пасивен и мрзлив, ова значи да се ужива во она што го работите и да се биде опуштен – да не се форсираат работите. По правило, среќата ги прати задоволните луѓе кои знаат да го искористат секој момент од својот живот и кои даваат се’ од себе, со полна преданост, отворено срце, во секој момент. Можеби се чини дека тие луѓе стекнале посебно знаење и вештини, но се чини дека имаат вистинска животна мудрост.
извор: zen.yandex.ru
Leave a Reply