Најубавите љубови и пријателства се изгубени поради гордост- кога треба да се даде втора шанса, а кога не?

Точно е дека некои луѓе едноставно не заслужуваат втора шанса, бидејќи грешката ја направиле од злобни или себични причини. Но, што е со оние кои сепак заслужиле прилика? Што е со оние луѓе кои ги отстранивте од својот живот а не требаше?

Многу луѓе поради гордоста ќе направат глупи работи. Гордоста и егото не’ тераат да реагираме бурно дури и на ситни грешки, што подоцна доведува до каење. Фактот дека годините поминуваат, а сите луѓе кои ќе ги запознаете ќе ви помагнат всушност да сфатите дека некои посебни луѓе од вашето минато ги изгубивте поради нешто што не е вредно за тоа.

Можеби прво ќе мора да запознаете повеќе нови луѓе, па дури тогаш ќе сфатите дека врската со некој од минатото е навистина посебна. Затоа е важно добро да размислите дали некој заслужува втора прилика или пак не заслужува да биде покрај вас. Заборавете на гордоста и слушајте го своето срце. Ставете ги на вага сите добри и лоши работи кои ги поминавте заедно, сите добри и лоши дела кои се наоѓаат помеѓу вас.

Втори шанси постојат за да покажете дека имате големо срце и за да ви дадат прилика да пробате да ја зацврснете врската со посебна личност. Ако е во прашање ваш пријател проверете дали грешката која ја направил е толку голема за да уништи се’ што заедно сте проживеале? Ако е во прашање љубовен партнер проверете дали искрата помеѓу вас се угаснала, дали можете да преминете преку таа грешка и да продолжите да сакате без да се осврнувате константно на она што се случило.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: