Неверството е една од најлошите работи низ која можете да тргнете.. Меѓутоа, постојат и многу други работи кои се подеднакво погубни како и неверството и можат навистина да ги разделат партнерите.
1. Љубомора. Љубомората не е добра. Таа ве раздвојува и создава јаз помеѓу вас кој тешко се премостува. Кога во врската постои љубомора, двете страни се несреќни и незадоволни.
2. Проблем со комуникацијата. Партнерите во здрави односи треба да се чувствуваат сигурно и пријатно кога разговараат едни со други за се’. Комуникацијата е важна кога станува збор за градење на живот со друга личност. Мора да имате можност да се потприте еден на друг и да сметате на подршка и заедничко решавање на сите проблеми кои можат да се појават во врската. Кога комуникацијата е прекината, таков е и вашиот однос- прекинат.
3. Скратување на внимание. Кога сте во врска со некој, она што треба е да се чувствувате сакано и згрижено. Но, кога вашиот партнер ви ја скратува љубовта и вниманието, почнувате да се чувствувате како да направивте нешто погрешно.
4. Лаги. Лажењето е неприфатливо во здравите врски. Големи или мали, лаги се лаги и можат да ја прекинат врската. Се’ она што тие носат се лутина, болка и непочитување што го отежнува односот.
5. Непочитување. Никој не сака да биде во врска во која не е почитуван. Врската во која сиот ваш труд не е важен, бидејќи вашиот партнер ве зема здраво за готово.. Таа врска емоционално ќе ја скрши личноста, правејќи ја осамена и несигурна.
6. Чувство дека не сте сакани/ чувство дека партнерот се оддалечува од вас. Кога ќе почувствувате како пополека се оддалечува од вас, тоа може да ве скрши. Поради тоа се повеќе ќе се лепите за него, што само ќе ја влоши сосотојбата.
7. Да се биде во врска од погрешни причини. Врската од погрешни причини може двата партнери да ги направи несреќни и неисполнети. Без оглед на причината поради која сте заедно, подобро е да се биде самец.
Leave a Reply