Оној кој сака да биде со вас нема да смислува изговори за да ве избегне

Ако постои некој кој сака да биде со вас, тој ќе направи се’ за да ве освои. Не се тешете со идејата дека тој е само срамежлива личност на која и’ треба време да ви се приближи. Тоа е смешно. Ако личноста не сака да биде со вас, едноставна е вистината дека веројатно не го интересирате. Подобро е да ја решите оваа ‘дилема’ еднаш засекогаш. Излезете од меурот во кој живеете, бидејќи само си правите лошо себеси.

Прифатете го фактот дека не му е гајле за вас и се’ е во ред. Всушност, не е секој наменет за секој. Ниту еден човек не може, а да не тргне по она што му се допаѓа. Мажите се едноставно такви. Мажите сакаат да ‘ловат’ и нема воопшто да чекаат ако му се допаѓате. Никаква далечина не е голема да го застане човекот да добие она што сака, ако тоа навистина го посакува.

Мора да престанете да ги поддржувате погрешните луѓе. Така само си го кршите своето срце, а него му е гајле. Тој убаво ќе си помине. Ќе ви дава лажна надеж и ќе си игра со вас онолку колку тој што сака, а кога ќе се умори, само ќе се сврти и ќе замине. Без жалење. Но ти, ти ќе бидеш скршена.

Престанете да се вљубувате во личности кои треба два пати да размислат дали им се допаѓате или не. Престанете да се вљубувате во мажи кои постојано измислуваат изговори за да избегнат да ве запознаат подобро. Не ви е сомнително дека има други планови секој пат кога сакате да го видите? Или работи или му треба на неговото семејство или негде нешто ветил. Тоа едноставно не е во ред. Ова е тотална глупост.

Човекот кој ве сака и има желба да го поминува времето со вас, ќе остави се’ и секој, само да биде со вас, да ве погледне во очи и да ве држи за рака. Човекот кој сака биде со вас ќе биде доследен. Нема да ви дава збунувачки сигнали или ве тера да молите за негово внимание. Заборавете на личности кои сакаат да ве измамат. Занемарете ги оние кои не се грижат, кои сакаат да имаат нешто ‘настрана’. Не се достојни ниту за вашето време, ниту вашата љубов.

Тие емоции мора да ги сочувате за некој кој постојано ги заслужува. Мора да ја сочувате својата љубов за личноста која ќе биде со вас и никогаш нема да замине, бидејќи ве посакува повеќе од се’ на светот. Не ви треба полусреќна или несреќна љубов. Заслужувате повеќе од тоа. Не дозволете да манипулира некој кој не е достоен. Не му го подарувајте своето време. Не дозволувајте да си игра со вашите чувства и вашиот ум.

Не се залажувајте дека сте попаметни. Знаете што сакате и што заслужувате. Задржете ја самопочитта и достоинството, бидејќи ќе ви требаат.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: