Универзумот секогаш ни праќа помош кога ни е потребна: Обрнете внимание на јасните знаци

Со оглед на тоа што Универзумот не знае да зборува, тој на разни начини ни испраќа сигнали и сака да контактира со нас за да ни помогне. Кога универзумот би знаел да зборува луѓето би го изгубиле здравиот разум. Ќе престанат да се развиваат, да размислуваат и да се грижат за себе. Затоа Универзумот со итри трикови секојдневно ни испраќа сигнали. Некој слепо го прати општеството, некој е збунет и изгубен, некој не сака да обрне внимание на она што е очигледно, затоа е незадоволен и никогаш нема да ја осознае вистинската среќа.

Луѓето кои се поврзани со Универзумот често се несфатени, се сметаат за чудаци и често за нив се зборува дека веруваат во глупости. Ако сакаме да живееме во хармонија, мора да живееме и внимателно да гледаме што се случува, да живееме и да го ‘ мирисаме’ невидливото и променливото. Тоа е единствен начин да го пронајдеме својот пат, да сфатиме кои сме и да го избереме вистинскиот смер. Тоа е единствен начин да ги примениме знаците кои ни ги праќа Универзумот кога помош ни е потребна

1. Ако постојано забележувате исти бројки, не мислете дека тоа е случајност. Концентрирајте се што се случува кога се појавуваат исти бројки. За што сте размислувале во тој момент и кога почнуваат тие ‘случајности’? Што сте сакале да направите во тој момент, што планиравте и каква одлука сакате да донесете. Сето тоа ќе биде важно се додека не го решите проблемот кој го имате, исти броеви ќе се појавуваат за да ве насочат на вистинскиот пат.

2. Кога сонувате ист сон. Тоа може да ви се случи еднаш во годината, еднаш седмично, а може да се повторува секој ден. Фокусирајте се на тој сон.

3. Ако изненадуваќки сретнете некоја личност од минатото која не сте ја виделе многу долго или сте заборавиле на неа, тоа може да значи дека својот живот не го живеете во реалноста туку во мечтите. Веројатно сте запнале во некои стари ставови кои не ви дозволуваат да одите понатаму.

4. Ако изгубите некои вредни работи може да укажува на тоа дека материјалните работи ви се поважни од луѓето кои ви се блиски. Универзумот на тој начин ви праќа порака да погледнете околу себе, да обрнете внимание на луѓето околу себе и да сфатите дека тие се поважни од сите материјални работи кои ги поседувате.

5. Кога ќе почнеме да кршиме работи ‘случајно’ околу себе или кога тие ќе почнат да се расипуваат тоа е знак дека во нас се насобрало премногу негативна енергија, која бара излез и на тој свој пат кон надвор, ги крши предметите. Кога ќе почнеме да го губиме тлото под нозете и почнеме да се одвојуваме од стварноста, Универзумот се обидува да допре до секоја личност и да и’ даде помош која и’ е потребна.

извор www.pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: