13 работи на кои треба да им бидете благодарни на вашите бивши партнери

Да не доживеавме болка и предавство, можеби никогаш немаше да сфатиме што значи вистински да сакаме.

Речиси сите барем еднаш во животот моравме да ја искусиме горчината на разделбата од оние кои ги сакавме. Да, тоа им се случува на сите, ако сме искрени кон себе и тоа станува важна точка во нашиот живот.

Кога ќе не’ напушти некој со кој до недамна бевме многу блиски, тоа може да го скрши нашето срце во најситни делови. Но, во исто време таква ситуација може да не’ научи многу работи.

Кога ќе се најдеме во таква ситуација, можеме да дознаеме повеќе за нас самите, за животот и љубовта, од било што друго. Ако не ја искусивме таа болка и предавство, можеби никогаш немаше да сфатиме што значи вистински да се сака.

На што можете да му бидете благодарни на партнерот кој ве остави?

Благодарам што ме спаси од мрачната иднина. Сега разбирам дека имаше можност да останеш, ама одбра да си заминеш. Да останевме заедно, повеќе од се’ сум сигурна дека нашиот заеднички живот ќе се претвореше во вистински пекол, порано или подоцна.

Благодарам што ми покажа колку некои луѓе можат да бидат сурови. Иако грубоста и безобзирноста повремено помагаат да преживееме во некои животни ситуации, не се тие, туку сочувство е она што личноста ја прави добар партнер. Фактот дека ‘мојот’ човек се однесувал на тој начин, ме научи дека другите луѓе можат да бидат уште посурови и тоа оние од кои најмалку тоа го очекуваме.

Благодарам што ми даде до знаење дека заслужувам повеќе. Сега знам дека ми треба партнер онаков каков што не си ти, а не можеше ниту да бидеш, дури и ако сакаше. Вистина е дека не ми беше доволно, ама бев премногу заслепена од љубовта, за да го забележам тоа. Во нашата врска постојано нешто недостасуваше

Благодарам што ми покажа колку може да биде болно. Порано немав појма дека луѓето можат да бидат толку повредени. Воопшто не знаев дека можат да поднесат така силна емотивна болка. И таман кога помислив дека паднав на дното на емоционалната јама, ме турна уште подолу- но успеав да се извлечам.

Благодарам што ми помогна да сфатам дека можам да поднесам ваква болка. Благодарам што ми покажа дека иако не сум неранлива, не сум толку кршлива како што мислев. Не сум од стакло, кое се крши од првиот удар.

Благодарам што ми покажа колку сум нависитина силна. Сега кога ги преживеав овие тешки моменти и се’ оставив во минатото, цврсто верувам дека можам да постигнам што ќе посакам. Сега за мене не постои претежок пат и преамбициозни цели.

Благодарам што ми даде до знаење дека луѓето се менуваат, но понекогаш не на подобро.. До неодамна ми беше мојот надобар пријател, мојата сродна душа, а сега речиси во една секунда ми стана тотален странец.

Благодарам што јасно ми покажа дека односите не се едноставна работа. Иако се трудев околу нашиот однос, сега разбирам дека ти воопшто не се потруди да ја создадеме нашата врска.

Благодарам што ми помогна да сфатам – од врските може уште многу да се научи. Откога почнав да излегувам и со различни луѓе, сфатив дека секоја романтична врска е поинаква. Да не ме напуштеше, никогаш ова немаше да го разберам.

Благодарам што ми даде прилика да сфатам дека љубовта може повторно да се најде.

Благодарам што ми го скрши срцето, бидејќи денес сум она што сум. И да бидам искрена, ми се допаѓа личноста која станав. Сета таа болка. Сите овие солзи и лутина- се’ ме направи токму јака и нова личност,

Благодарам што не ми даде друг избор освен да продолжам понатаму. Всушност никогаш нема да ме видиш онаква каква сум- тоа значи дека не ја сакаше онаа вистинската во мене. Така јас собрав сила и волја и одлучив да тргнам понатаму.

Благодарам што ми даде прилика да ја пронајдам личноста која навистина е за мене. Благодарам што сфатив кои особини треба да ги барам од својот партнер, а од што треба да бегам како од оган.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading