Ако не можете на некоj да му простите, едноставно прочитајте го ова…

Го мразам сето постоечко клише за простување. Ја знам секоја поговорка, секој совет, секоја мудрост..но ништо од тоа не проработи. Знам дека растојанието помеѓу ‘решителноста да се прости’ и вистинското чувство на духовен мир може да биде бескрајно далеку. Јас знам.

Простување- е непроодна џунгла, за секој од нас кој сака правдина. Самата помисла за тоа дека некој ќе си замине неказнет, после се’ штo направи, нанесува болка. Простувањето изгледа како предавство на себеси. Не сакате да се предадете во борбата за правда. Лутината гори во вас и ве труе со сопствениот отров. Вие го знаете тоа, но и понатаму не можете да ја отпуштите ситуацијата. Лутината станува дел од вас- како срце, мозок или бели дробови. Го знам тоа чувство. Мене ми е познато тоа чувство, кога бесот во крвта удира во ритмот на вашиот пулс.

Но, она што треба да се запомни за лутината: тоа е инструментална емоција. Ние се лутиме, затоа што сакаме правда. Затоа што мислиме дека ќе имаме корист од тоа. Затоа што сметаме: што повеќе сме лути, со тоа можеме да направиме повеќе промени. Лутината не разбира дека минатото е веќе завршено и штетата е веќе направена. Таа ќе каже дека одмаздата се’ ќе исправи.

Да се биде лут- тоа е постојано допирање по раната која крвари, сметајќи дека така лузните ќе се избришат. Како човекот кој ве ранил, еден ден по лажги ќе направи шав со таква неверојатна прецизност, што од раната нема да остане ниту трага.

Вистината за лутината е таква: тоа е одбивање за лечење. Вие се плашите, вам ви е страшно, бидејќи кога раната ќе зарасне, ќе мора да живеете во нова, за вас непозната кожа. А вие всушност сакате да ја вратите старата. И вашата лутина ви шепнува дека е најдобро да не се застане крварењето. Кога во вас се’ зоврива, простувањето изгледа невозможно. Сакаме да простиме бидејќи нашиот ум сфаќа дека е тоа здрав избор. Сакаме мир, спокој, кој го нуди простувањето. Сакаме да се ослободиме. Сакаме оваа врева во мозокот да престане, но ништо со себе не можеме да направиме.

Затоа што никој не ви ја кажал главната работа околу простувањето: тоа нема ништо да поправи. Ова не е гума која ќе избрише се’ она што се случило. Тоа нема да ја укине болката со која сте живееле, нема да ви даде моментално смирување. Барањето на внатрешен мир- тоа е долг и тежок пат. Простувањето е она што ќе ви овозможи да ја избегнете ‘дехидратацијата’ на тој пат.

Простување е откажување од надежта. Тоа е сфаќање дека се’ е готово, прашината слегна и ништо не може да се врати во првобитниот облик. Тоа е признание дека со никаква магија не може да се поправи штетата. Да, бурата беше неправедна, но сепак мора да живеете во разрушен град. И никаква лутина не може да го изгради истиот град. Ќе мора тоа сами да го направите.

Простувањето е превземање на лична одговорност- не за уништување, туку за обновување. Ова е одлука за тоа како да се поврати својот мир. Простувањето не значи дека мора да бидете пријател со оние кои ви нанеле болка, ВИЕ едноставно разбирате дека тие оставиле траг и сега ќе живеете со таа лузна. Ќе престанете да го чекате човекот кој ве скрши, за да врати се’ како што беше. Ќе почнете да ги лечите раните, независно од тоа дали лузните ќе останат. Продолжете да живеете понатаму со своите лузни.

Простувањето не е триумф на неправдата. Станува збор за создавање на сопствена праведност, сопствена карма и судбина. Суштината е во тоа повторно да се застане на свои нозе и да се одлучи да не се биде несреќен поради минатото.

Простување е разбирање на тоа дека вашите лузни нема да ја одредуваат вашата иднина. Простувањето не значи дека се предавате. Тоа значи дека сте подготвени да соберете сила и да тргнете напред.

извор: uspesnazena

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: