Децата никогаш нема да ги заборават овие 5 однесувања на своите родители

Сите родители посакуваат да имаат прекрасни деца. Но, многу родители повеќе размислуваат за некоја иднина, отколку за држење на курсот во сегашноста за своето потомство да го извадат на вистински пат. Некои родители сметаат дека кога нивните деца се мали секогаш мора да ги слушаат и тоа е она што тие сметаат дека е исправно.

Резултатот е дека гледаме се’ повеќе несреќни деца додека растат. Освен ако не се воспитувани на правилен начин и во стабилно опкружување, децата ќе развијат или бунтовно однесување или ќе се исклучат од надворешниот свет. Тогаш страдаат од емоционална нестабилност. Не успеваат да изградат блиска врска со родителите, туку живеат во стална борба со нив.

Но, посебно во детството се поставуваат темели за здрав дух и чисто срце. Не е вообичаено несреќните деца да станат несреќни возрасни. Некои однесувања на родителите, оставаат траг на децата засекогаш. Еве некои од нив.

1. Децата никогаш не забораваат дека биле малтретирани. Ниту еден однос не е совршен, а уште помалку така интензивен како односот меѓу родителите и нивните деца. Секогаш постојат моменти кога двете страни не се сложуваат или кога постои отворен судир и тоа е сосем нормално. Она што менува е начинот на кои се решаваат потешкотиите. За жал, многу родители погрешно мислат дека ќотекот помага во воспитанието на децата. Со малтретирање на детето се уништува неговата самопочит и предизвикува огорченост. Вакви родители го носат детето во незгодна положба: тоа ги сака и ги мрази родителите во исто време.

2. Децата никогаш не забораваат како еден родител се однесува кон друг. Односот на мајката и таткото му покажува на детето како треба да се однесува во партнерство, што исто така го обликува неговиот став кон партнерот. Најверојатно, како возрасна личност, тоа дете свесно или несвесно го повторува однесувањето научено од родителите. Да не заборавиме дека расправијата меѓу родителите создава страв кај детето.

3. Децата никогаш не ги забораваат моментите кога се чувствувале безбедно и сигурно. Децата најмногу им веруваат на родителите, потребно за да го осознаат чувството на сигурност која им е потребна да го откријат непознатото. Ако мајката и таткото создаваат страв, децата ќе се чувствуваат беспомошно. Родителите се важни за да го зајакнат нивното чувство на сигурност во врска полна со љубов и почитување меѓу родителите и нивните деца.

4. Децата никогаш не го забораваат недостатокот на внимание на родителите. За детето, љубовта на нивните родители е директно поврзана со вниманието кое го добиваат. Нема да веруваат дека родителите ги сакаат ако не им се посвети доволно време да го запознаат и да им го покажат својот свет. Ако има недостаток на внимание, тоа ќе остави болна рана во срцето на детето.

5. Децата никогаш не ја забораваат вредноста на семејството. Децата засекогаш ќе се сеќаваат дека нивната мајка и татко им дадоа приоритет на семејството во сите околности. Кога родителите им даваат пример дека семејството е најважно, детето се учи на вредности како лојалност и наклоност. Како возрасни ќе имаат поголема способност да дадат и примат љубов.

Сите овие трагови на нашето детство остануваат со нас до крајот на животот. Оние кои ќе пораснат со љубов и наклоност го добиваат најголемиот дар која едена личност може да му ја даде на другата.

извор: gedankenwelt.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: