Зошто жените имаат само лоши искуства во врските?

Односите можат да бидат многу сложени и интересни, но се многу важни. За жал, многу жени не веруваат во тоа. Често одбиваат да прават големи планови, не ја знаат својата одговорност и пуштаат работите да се одвиваат сами од себе.

Најголемата грешка која ја прават и мажите и жените е да го обвинат оној другиот и со полно право да тврдат дека дале се’ од себе и направиле се’ што е во нивна моќ. Многумина не се подготвени да прифатат дека поголемиот број на проблеми во односите се случува токму поради нас самите, бидејќи не сме подготвени да ја прифатиме вистината.

Не е лесно да се превземе одговорноста за својот живот, а токму тоа е е она што треба за среќа. Прво што мора да прифатиме е дека никој не е совршен и тие луѓе мора да ги прифатиме онакви какви што се. Луѓето можат да се променат само ако престанеме од нив постојано нешто да бараме. Чест проблем на многу жени е тоа што не знаат како да бидат корисни во врска. Ова е по малку непристојно да се каже, но тоа е вистината. Жена која сонува за брак често гледа дали мажот има примања, дали има стан, автомобил..

Во својата глава имаат низа на барања, а често не се од некоја корист и немаат што да понудат. Со таков пристап не е можно да се изгради складна врска. Сите се обидуваат да имаат некоја корист и сакаат врска во која ќе дадат помалку, а при тоа да добијат повеќе. Со овој пристап ништо нема да добиете.

Ако само една личност константно дава, со тек на време ќе се појави судир. Многумина нема да разберат или нема да се сложат, но за здрав однос потребно е се’ да се направи бесплатно. Ако го сакате својот маж да го изненадите со вкусна вечера, направете ја. Не ја чекајте неговата реакција и награда за тоа. Важни се вашите намери и она што сакате да направите за мажите.

Ако сакате вистинска и искрена врска со мажот мора да бидете во можност нешто да му понудите. Ако сте искрени кон него, ако му ја понудите својата помош и тоа го направите без да барате нешто за возврат, од него ќе добиете исто. Кај секој може да се јави страв дека ќе биде искористен, но тогаш треба да размислите за својата самодовреба и во исправноста на својот партнер.

Не можете безмилосно да се жртвувате за некој, врската треба да биде искрен и чист чин. Најлесено е да го обвините некој друг и да барате одговор од луѓето околу вас. Но, дали е можно да се водите од мислењето на луѓето кои немале успех во врките? Важно е да се научи како да се биде од помош, да правите нешто а да не биде од корист туку затоа што сакате и тоа е она што гарантира среќна врска.

Да се биде во врска од корист ќе ви донесе лошо искуство. Не се сите мажи, а ниту жените добри, но не е во ред да се обвинуваат другите за своите проблеми. Секогаш запрашајте се ‘што можете да направите за некој’ и никогаш не почнувајте со прашањето ‘каква корист имам од тоа?’

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: