Не си го скратувај она што го посакуваш и ти треба- како несвесно го блокираме протокот на пари

Енергијата е на секаде околу нас и таа секогаш треба да биде во движење. Енергијата на изобилство ја претставува енергијата на нашиот дом, нашата плата, нашата работа и се’ она што не’ опкружува. Енергијата на изобилство ни доаѓа во облик на храна, забава, хоби и се’ што доаѓа и ни дава сила за живот.

Кога почнуваме силно да се врзуваме за нешто, некој предмет, тогаш го прекинуваме протокот на енергија на изобилство. Ако видиме дека нешто дефинитивно не ни треба, тогаш е подобро таа работа да му се даде на некој или едноставно да се фрли, отколку и понатаму да се чува. Ако продолжиме да ја чуваме таа работа ја блокираме енергијата на изобилство во својот живот.

На енергијата и’ треба движење, а ако дојде до стагнација, тогаш енергијата се нулира и нејзиниот проток е блокиран. Ако постојано ги надгледувате своите работи, ги фрлате или го подарувате она што не ви е потребно, тогаш енергијата се движи и отвора. Кога ги движите објектите и паричните токови во Вселената го раздвижувате текот и го туркате да се развива и обновува. Кога сте многу загрижени дека немате доволно пари или како да дојдете до стан, тогаш го прекинувате текот на енергија бидејќи на тој начин го нагласувате постојано она што го немате.

Наместо постојано да се жалите на она што немате, мора да најдете начин да го решите тоа прашање и да замислите дека тоа веќе го имате, бидејќи ќе иницирате појава токму на тоа што ви е потребно. Постојат многу луѓе кои несвесно ги блокираат протокот на енергијата на изобилство.

1. Страв од прифаќање. Понекогаш луѓето се плашат да го прифатат изобилството во својот дом. На сите ни е даден ист проток на енергија, но не можат сите во потполност да ја користат поради ограничувањата. Обидете се да го исполните својот живот со среќни работи и настани и не си го скратувајте она што сакате и ви треба.

2. Тврдоглавост. Често се случува да одлучиме да делуваме според одобреното сценарио и да одбиеме да ги видиме променливите околности.

3. Страв нешто да се направи. Ако не правите ништо и чекате работите да се решат сами од себе, го затворате протокот на изобилство. Ако мислите дека нешто треба да се направи-направете го тоа и запомнете дека никој друг нема тоа да го направи наместо вас.

4. Недоверба во себе и во другите; многу луѓе често се сомневаат во своите одлуки и настани кои им се случуваат и не разбираат зошто некои работи им се случуваат токму нив. Довербата во себе и светот се темели на проток на изобилство. Само љубовта, вербата, прифаќањето, благодарноста може да го оживее вашиот тек на изобилство до ниво кое ви одговара. Затоа мора на себе да работите со доверба.

5. Недостаток на благодарност; многу е важно секогаш да бидете свесни за она што имате во животот. Чувството на благодарност ќе ви гарантира просперитет во животот и ќе ги тргне сите стравови, сомнежи, грижи и препреки, кои го блокираат протокот на енергија и изобилство и пари.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: