Правејќи добро не очекувајте добро: 8 златни правила на комуникацијата

Цел наш живот е ткаен со комуникација и тоа е преубаво. Пријателска поддршка, почитување, љубов која доаѓа од други луѓе, кои не не’ поддржуваат само во тешки околности, се важни атрибути на успешност и среќа. Меѓутоа, за да се одржат овие добри односи, потребно е да се одржуваат одредени правила на комуникација.

1. Не собирајте навреди- тоа скапо ќе ве чини. Неопходно е да научите да простувате. Тоа не им е потребно на другите, туку пред се’ вам. Не е обавезно при тоа да продолжите да комуницирате со оној кој ве навреди.

2. Не се лутете на децата, што не ве разбираат. За да ве разберат, треба да поминат ист животен пат. Помеѓу вас е голема временска дистанца. Така било и така ќе биде. Проблемот на родителите и децата е вечен проблем.

3. Правејќи добро, не очекувајте добро. Не очекувајте другите да ве сакаат. Научете да уживате во она што го давате и правете добро кога сака душата ваша, а не кога ве присилуваат.

4. Не критикувајте! ‘Критиката е бескорисна, бидејќи го присилува човекот да се брани и по правило, човекот се обидува да се оправда. Критиката е опасна бидејќи влијае на чувството на сопственото значење и предизвикува навреденост’. Карнеги

5. Не расправајте. Во секој случај, на никој ништо нема да му докажете. Сите остануваат при своето. Во секој случај, другите нема да можат да те разберат, бидејќи имаат поинакво животно искуство.

6. Не ги наметнувајте своите минати искуства на другите, освен ако не ве прашаат за тоа. Секое наметнато дејство, дури и љубов е агресија.

7. Оценувајќи го однесувањето на другиот човек, обидете се да ја земете во предвид ситуацијата и околностите. Нашата позитовна слика ‘јас’ воглавно е поврзана со тоа да можеме да си простиме себеси за непримерно однесување, потенцирајќи ги неповолните ситуации и околности, но не им простуваме на другите, градејќи го својот целосен портрет, тргнувајќи од специфична ситуација и околности.

8. Не очекувајте и не барајте другите да бидат слични на вас. Постојат различни ‘типови’ на луѓе, на различно ниво на свеста. Овие специфични разлики меѓу луѓето се исти такви како помеѓу различни видови на животни. Дури и помеѓу луѓето кои се исти ‘типови’ постојат индивидуални разлики. Затоа не се изненадувајте со разликите во мислењето, постапките, мотивите и вредностите. Обидете се да ги прифатите луѓето такви какви што се.

извор: http://www.cluber.com.ua/lifestyle/poleznyie-sovetyi/2017/05/delaya-dobro-ne-ozhidayte-dobra-8-zolotyih-pravil-obshheniya

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: