‘Верувам во тебе’ понекогаш е помоќно од ‘Те сакам’

На крајот од денот, љубовта не е ништо друго освен етикета, ако не ја пратат смислени дејства кои тоа ќе го потврдат.

Дејства кои ќе ја зајакнат врската со внимание и доверба. Значи, малку се фрази и зборови кои имаат поголема вредност од ‘Ти верувам’. Тука сум за тебе’. Сите афективни динамики се опфатени со она што денес го нарекуваме ‘психологија на доверба’. Докажано е дека малку работи делуваат така позитивно на мозокот како што делува безусловната поддршка на луѓето кои ги сакаме.

Кога со некој ќе воспоставите значајна врска или пријателство, постои една работа која најмногу ја сакате. Она што оваа врска ја зајакнува е безусловната доверба во таа личност. Ако тоа не се случи, ако во некој момент почувствувате недостаток на склад или празнина во оваа доверба, нешто ќе почне да се распаѓа во вас.

Сите ние посакуваме некој да верува во нас кога имаме цели кои сакаме да ги постигнеме или кога работите не одат баш добро или кога ќе одлучиме да се откажеме. Ако тоа не се случи, ако личноста која не’ слуша даде иронична примедба, не’ игнорира или се сомнева во нас, мозокот почнува да лачи кортизол. Хормонот на стрес ‘истура’ по телото како фонтана, предупредувајќи не’ дека нешто не е во ред.

Довербата не е само темелен дел на романтичните односи. Во работните односи тоа е исто така е неопходно, а тоа е она што многу фирми сеуште не го земаат во предвид или не забележале.

Потребата другите да веруваат во вас, вашата вредност и вистинитост на вашите дела или зборови нема да ве направат зависни од нивната потврда. Овде зборуваме за здрави односи и она што нив ги прави. Довербата е основен столб на секоја врска. На детето тоа му треба од родителот за да порасне и да стекне независност, самодоверба и самопочит. Довербата им е потребна на партнерите во врска, за да може таа воопшто да се оддржи, да стекне стабилност и среќа.

Кога ќе слушнете ‘Верувам во тебе’ се чини дека се чувствувате помалку сами и понекогаш подобро вибрирате отколку од едно ‘Те сакам’. Бидејќи и ако верувањето во себе и сопствената способност е неопходно, важно е да се забележи дека постои доверба во вашите посебни страни од вашите блиски луѓе. Важно е да се знае и да се почувствувате дека ќе бидат покрај вас дури и тогаш кога вие не верувате во себе.

Свесни сме дека понекогаш е тешко, а уште потешко ако сме доживеале многу предавства. Меѓутоа, на тој начин растат нездрави врски. Тоа е начин на кој можете да остварите среќни односи и цврсти работни проекти.

извор: exploringyourmind

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading