Љубовницата или љубовникот, не се ништо виновни повеќе од вашиот партнер кој одлучи да ви забоди нож во грбот. Многумина ќе речат:’ Но, таа жена знаеше дека е оженет и намерно се согласи на афера само за да го растури бракот’.
Па и тој маж знаеше дека е оженет па истото го направи!
Кога жената, љубовница, ќе сфати дека мажот е подготвен за афера со неа, тој во исто време дава до знаење дека не ја почитува својата жена и дека не му е важна. Па, зошто тогаш таа, која воопшто не ја знае таа жена, ќе се грижи за нејзините чувства кога нејзиниот сопруг тоа не го прави?
Уште една важна работа која многумина не ја разбираат- мажот во повеќето случаи на љубовницата ќе и’ ја прикаже својата жена како чудовиште поради што љубовницата ќе има желба да биде со него. Постојат 5. факти за неверството кое треба да ги знаете
1. Бракот не го руши љубовникот и љубовницата, го руши оној на кој му е потребен некој и покрај сопругот/ сопругата. Оној кој нема доволно храброст да се соочи со своите проблеми и комплекси, па оди да бара спас на најмизерен начин.
2. Бракот го руши оној кој мисли дека неверството е модерна работа и дека сите тоа го прават.
3. Бракот го руши оној кој мисли дека радоста може да се пронајде надвор од дома, таму каде што го нема брачниот другар, децата и другите проблеми.
4. Оној кој е подготвен да ги прегази сите завети кои ги даде, да сруши еден цел свет на личноста која даде се’ за тој брак.
5. Не се љубовниците тие кои треба да бидат на мета на најголеми осуди, тие ќе ја изневерат личноста која не ја познаваат, додека венчаниот прељубник ќе го изневери оној кој му даде се’.
Leave a Reply