Во животот би било се’ идеално кога личноста која ја посакуваме возвраќа на нашите чувства. Кога некој вистински посакуваме, сакаме, кога таа личност ни се допаѓа, тогаш често се случува да гледаме само што она што сакаме да видиме. И при тоа не ја гледаме реалноста, туку бираме да живееме во светот на соништата. Таа вреди подеднакво и за мажи и за жени.
Љубовта често води во илузија, во можноста за среќна иднина со таа прекрасна личност. Личноста е идеализирана на сите можни начини, дури и тогаш кога таа бира да биде со некој друг, а не со тебе. Се поставува прашање- како таа друга личност се чувствува, посебно тогаш кога во нејзиниот живот постои некој. Што да се направи кога го посакуваш него, а тој е со друга? Дали си во заблуда?
Многу пати слушам и жени и мажи како мечтаат за некој кој е зафатен. Таа личност е можеби во врска или можеби се гледа со некој друг, а ти како да си ставен на чекање. Нема информации што ќе биде со тебе и со него. Можеби и бевте кратко заедно, можеби и не. Поентата на се’ е дека таа личност сега е со некој друг, а ти чекаш, мечтаеш и сонуваш за бајковит пресврт на приказната.
Пред да продолжиш да живееш во светот на фантазијата, запрашај се дали таа личност реално нешто кон тебе чувствува? Дали ти кажа дека те сака? Или е тоа само проекција на твоите мисли бидејќи ти сакаш во тоа да веруваш?
‘Јасно е дека тој не сака да биде со неа’- реченица која многу пати ја слушам од безнадежно вљубени жени. Ако не постои доволно добра причина, тогаш голема е веројатноста дека тој сака да биде со неа, а не со тебе. Сурово, но вистинито. Тогаш е крајно време да се откажеш и тргнеш понатаму бидејќи сигурно некаде постои тој маж кој нема да живее без тебе.
Љубовта не мора да биде страдање. Љубовта е многу поубава тогаш кога е взаемна. Што ако сепак има надеж за вас? Што ако имаш сигурна информација дека си му важна? Што ако не е одлучен околу прекинувањето на врската во која е несреќен? Тогаш ти имаш главна улога во целата приказна. Но, тој те посакува и те сака тебе, а не неа, а и понатаму не прекинува со неа, тоа значи дека не е сигурен во твоите намери. Тој не знае дали си сериозна за вашата врска или бараш само авантура.
Ова не е разговор за моралот. Не е мое да ви зборувам дали е ОК да се превземе некој. Јасно е дека не е, но се случува. Можеби токму ова меѓу вас е она вистинското. Запрашај се што вистински чувствуваш? Ако не сакаш да го пуштиш, време е да бидеш искрена околу своите чувства- и она најважно- околу своите намери. Што да се направи кога ти го сакаш него, но тој е со друга?
Кажи му зошто го сакаш и што треба да очекува од тебе. Ако имаш чувство за него, кажи му што чувствуваш. Чекање и анализирање е најлоша идеја. Ако чекаш некој маж да размисли околу вашиот однос и ако само носиш заклучоци без да го прашаш што чувствува, тогаш си во голем проблем. Ќе изгубиш драгоцено време во заблуда. Ако му е важно, тогаш повторно ќе ја пропуштиш приликата.
Треба да се знае кога да се подвлече црта. Кога ти го посакуваш а и тој тебе, доволно е и двајцата да бидете искрени. Не се потребни наговарања, уверувања и присила кога навистина и на двајцата ви е важно. Љубовните односи не треба да бидат тешки и комплицирани. Затоа немој твоите желби да се претворат во наговарање. Кажи му што сакаш, што нудиш и малку простор да одлучи. Нема да му бидеш привлечна ако му ветиш дека ќе го чекаш довека. Како всушност очекуваш тој да се одлучи за тебе ако ќе бидеш тука без оглед на се’?
Треба да се знае како да се подвлече црта. Луѓето општо не ги ценат оние луѓе кои за нив се жртвуваат, а при тоа се наоѓаат во недефиниран однос. Биди добра, но биди реална. Биди добра, но не биди наивна. Биди добра, но биди паметна. Цени се себеси и тогаш ќе добиеш и негово почитување. Не биди мирна добрица која трпеливо чека на клупа да ја викнат да се игра. Така ќе ја спуштиш својата вредност и ќе си го изгубиш драгоценото време на чекање.
Ниту жените, ниту мажите не ги ценат луѓето кои се во состојба да им дадат се’ , тогаш кога не добиваат ништо. Љубовните односи не се едносмерни бидејќи ако се- очигледно нешто не штима. Ако во односот не вложувате и двајцата, тогаш најверојатно од тоа нема да биде ништо. Затоа е важно да се дефинира што сакаме, а потоа тоа да се искаже и да се постават јасни граници.
Ружица
Leave a Reply