Каде душата го крие страдањето: 7 психосоматски болести

Во народот најчесто се вели: ‘Сите болести се од нервите, само сифилисот е од задоволство!’ Секако, дискусии на оваа тема има многу, но научниот- доказен факт останува: што повеќе стресни ситуации има во животот, поголема е веројатноста дека човекот ќе биде болен и лошо ќе се носи со болеста. Исто така, многу болести имаат психосоматски корени. Од грчкиот збор psyche- ‘душа’ и soma- ‘тело’, обично болестите се јавуваат бидејќи душата го крие своето страдање. Во моментот кога емоциите не наоѓаат излез, складишето на душата се преполнува и содржината не наоѓа друг излез освен преку телото.

Еве 7 најчести причини на психосоматски пореметувања кои ги идентификува Leslie LeCron.

1. Внатрешен конфликт. Ситуацијата во која еден дел од желбите човекот ги освестува и се наоѓаат на површината, а другите- по правило спротивни – од некоја причина се кријат во потсвеста. Тогаш вториот дел почнува ‘герилска војна’ чии знаци можат да станат психосоматски симптоми.

2. Јазикот на телото. Телото физички ја одржува состојбата која може да се изрази во фразата: ‘ова е таква главоболка’, ‘нема тоа да го преживеам’, ‘срцето не ми е во ред’ , ‘рацете ми се врзани’. Погодете како ќе реагира релативно здрав организам на слични константи програмски пораки?

3. Присуство на условна корист. Оваа категорија вклучува здравствени проблеми, кои носат одредена условна корист на нивниот сопственик. Не, тоа не е симулација, туки навистина дијагностицирана болест. Можеби човекот навистина сака да има корист, која ја добива само кога е болен. Посакувајте внимателно, бидејќи желбите се остваруваат.

4. Искуство од минатото. Причина за болеста може да биде трауматично искуство од минатото, често детство. Тоа може да биде епиздно случување или долгорочно влијание кои продолжува емоционално да влијае на човекот во сегашноста.

5. Идентификација. Во овој случај, физичкиот симптом може да се формира поради силна емоционална поврзаност со човекот кој има слична болест. Често постои страв од загуба на тој човек или загубата навистина се случи.

6. Сугестија. Бидејќи е сигурен дека е болен- дури и ако таа болест навистина не постои- човекот цело време се обидува да најде докази за неа, затоа на потсвесно ниво веќе се согласи на присуство на болест. Секако, на тој начин веројатноста да ја добие значајно се зголемува.

7. Само- казнување. Ова казнување е поврзано со реална, мада најчесто со имагинарна вина, со која човекот мачи себеси. Само- казнувањето олеснува да се преживее вина, начин како да се искупи.

Што е неопходно за опоравување? Неопходно е да не се лечи само физиолошката причина, туку и да се надмине психолошки. Некои лекари се сигурни дека психотерапевска помош е потребна во лечење на психосоматски болести, ако не неопходна, тогаш барем како помошно сретство.

И што е најважно: ако е невозможно да се промени ситуацијата, променете го своот став кон неа.

извор: http://www.brainum.ru/2017/10/7_27.html

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: