Од женски агол: Никогаш не се согласувај да бидеш втора- биди прва и единствена

Верувам дека љубовта не е во пронаоѓањето на вистинска личност, туку во тоа таа да ве пронајде вас. Многу од нас не сфаќаат колку среќа имаме што имаме семејство и пријатели. Токму тие луѓе се вистински пример каква треба да биде љубовта, а нивната љубов често ја земаме здраво за готово.

Посакуваме и бараме повеќе љубов и внимание иако ја имаме сосем доволно, можеби и повеќе од доволно. Нашата желба да пронајдеме љубов не’ прави очајни и често се согласуваме да бидеме со било кој само да не бидеме сами. Дозволуваме чувствата да не’ обземат и не ги гледаме последиците кои ги носат нашите одлуки. Некои луѓе по природа се лоши и лесно можат да ве заробат во својата мрежа на лаги, која ви дава лажно чувство на надеж.

Тие ќе направат да се чувствувате како да не заслужувате да бидете со никој друг и дека никој освен нив не може да ве направи среќни. Мора да признаеме дека понекогаш носиме глупи одлуки, но она што никако не смееме да го направиме е да се предадеме на нивните последици.

Никој не заслужува да биде во токсична врска и никогаш не треба да се прифати понижување и омаловажување како нормална работа. Никогаш не треба да се помирите со тоа дека треба да се криете кога одите на состанок со својот партнер, бидејќи другите можат да ве видат заедно. Престанете да прифаќате компромис како единствено сретство за завршување на расправијата. Не мислете дека еден ден ќе ја остави својата жена или девојка само за да биде со вас.

Знајте дека тој никогаш тоа нема да го направи и дека вие сте единствениот начин да ја убие досадата. Заслужувате мажот да ве покаже на светот. Заслужувате да сакате и да бидете сакани без да се грижите што ќе биде утре. Заслужувате некој кој нема да ве лаже и изневерува, заслужувате некој на кој ќе му бидете една и единствена, а не само уште една станица. Не дозволувајте срцето да ве води и да ви го помати разумот, размислувајте малку со своја глава, вклучете го мозокот.

Без негување на лажна надеж дека нешто ќе се промени, бидејќи секогаш ќе бидете ‘втора’, онаа која доаѓа кога нема каде да оди. Она што никогаш не смеете да го заборавите е да се сакате себе. Не се плашете да бидете сами, знајте дека не ви е потребен некој за да бидете среќни. Бидете доволни на самите себе и сакајте се пред се’ себеси. Понекогаш животот во осаменост е она поради кое вреди да се живее. Тоа е единствен начин да се запознаете себеси и почнете да се грижите за себе.

Животот не’ води на безброј патишта. Некои се кратки и равни, некои се долги и кривулести. Одберете го оној за кој мислите дека е најдобар за вас и кој знае, можеби ќе налетате на некој посебен.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: