Не сакам да се смета за општа карактеристика…Но, се случува, често се случува. Мажот премногу да се опушти по зборовите ‘Те сакам’. Кај него настапува состојба слично на она- ‘Па тоа е тоа, таа нема никаде да замине’. И навистина во најголем број случаи, никаде не оди: се вљуби и ‘се залепи’.
Од тој момент, без оглед колку ладно и со барања и’ се обраќа, колку да ја потценува и понижува – се’ му се може. ‘Те сакам’ оправдува се’. И мажите многу добро ја усвојуваат оваа лекција. Огромен број на жени паѓа на тој однос- чека, трпи, објаснува, се правда.
Мажот виртуелните препреки ги гледа како вистински, а жената чека погодно време, понекогаш со години. А времето секогаш не е вистинско. Токму сега е најпогодно време за љубов и односи. Тоа се вика ‘денес’. Се’ друго се илузии и фантазии. Иднината, плановите, перспективи, ветувања- ова се мамки кои искусните мажи ги фрлаат за одоговлекување и на кое ги фаќаат жените кои ги сакаат.
Сите се зависни од љубов. Сите без исклучок. А по што се разликува зависна личност од условно здрава? Кај условно здрава личност, постојат и вредности од повисок ред- на пример, самодоверба, достоинство, чувство на своја единственост, душевен комфор. Ако ова внатрешно чувство исчезне, тогаш не станува збор за љубов, туку за нешто ранливо и болно. Само ‘сакам’ се претвора во ‘прави со мене што сакаш, бидејќи не можам да живеам без тебе’.
А ‘Сакам’ е живот. Те сакам, ама нема да ти го дадам својот живот. Те сакам, но нема да дозволам да бидам шутирана и да не бидам прашана. Се’ ќе направам за тебе, но ако престанам да бидам значајна за тебе, ќе си одам. Ќе тргнам со тебе на крајот на светот, ако за мене и моите цели има таму место. Ќе бидам со тебе се додека ме гледаш, ме цениш и ме почитуваш мене, додека ме сакаш. Те сакам и некогаш ако не бидам со тебе, ако тоа се случи, можам да се вљубам во друг.
‘Сакам, но подготвена сум да си одам’- тоа ги руши сите вообичаено зависни обрасци на мислење и однесување.
‘Сакам ама сум подготвена да си одам’ – држи заедно, посилно од било какви окови и ланци.
Ви посакувам љубов.
Lilija Akhremcik
извор: econet.ru
Leave a Reply