Без причина таков маж не влегува во вашиот живот

Ако ја разбирате смислата на човекот во вашиот живот, ќе ви биде полесно да научите да ја чувствувате љубовта кон него, бидејќи кога постои освестеност: дека човекот во мојот живот е учител, тогаш сум му благoдарна за тоа. Без причина таков маж влегува во вашиот живот!

Всушност, цел наш живот е големо училиште, а предметот на изучување е само еден- љубов. Преку мажот ни доаѓаат најголемите, а понекогаш и најтешките лекции, а специјалноста е една- Љубов и прифаќање на себеси. Ние можеме да му дадеме на друг човек љубов само ако ја поседуваме. Не можеме да му дадеме на друг она што не постои во нас. Вашиот маж е секогаш ваше огледало, запомнете го тоа! Тој само го одразува она што е во вас.

Неодамна слушнав од една жена дека е подготвена да се труди поради достоен маж…Дали се слушате себеси? Што е достоен маж? Секој маж кој сте го привлекле, кој го привлекувате и ќе го привлекувате, тоа е токму за вас достоен маж. Поимот ‘достоен’ е многу релативен, бидејќи е секој достоен на свој начин. Вие сте достојни токму на тоа кого привлекувате. Ако привлекувате само мамини синови, тоа не е ниту лошо, ниту добро, тоа е само факт. Фактот кој покажува кого сте подготвени да примите во својот живот денес и сега.

Мажот кој доаѓа во вашиот живот е огледало кое ги проектира вашите проблеми однадвор. Ова знаење можете да го користите за да се гледате себе со нови очи- со очите од страна. Да ги разгледаме најчестите ситуации.

Ако во вашиот живот влегол љубоморен маж, треба да научите да ја пренасочите својата сексуална енергија на креативна, затоа што љубоморниот маж не се појавува во животот на девојката која нема проблем со својата сексуалност.

Какви лекции носи со себе мажот кој ‘крева рака’? Ако во вашиот живот велгува тиранин, тогаш е време да научите да се слушате себе, бидејќи жените кои живеат со тиранин се жени кои потполно го избришале поимот за граница и тоа ги претворило во жртви. Тие се чувствуваат несреќно, осамено и напуштено од сите. ‘Мажот тиранин, лошо време, други имаат среќа во животот, а мене очигледно ме навредуваат, мојата судбина е таква, да трпам и страдам’. Жртвата мора да доживее голема болка, за да може на крајот да промени нешто во својот живот.

Ако во вашиот живот влегува мамин син, безволен, слаб Господин, вие очигледно и’ припаѓате на таа категорија на жени која не умее да ја препушти ‘власта’ на посилниот пол. Вие се’ одлучувате, вие се’ знаете подобро од било кој друг и секој го менувате. Не забележувате, дека повеќето од вашите скандали се случува поради тоа што сакате да го промените човекот и никој никогаш не го слушате. Да, и сега тоа ќе го порекнувате.

Такви сценарија во односите можат да се наведат уште многу, но да се вратиме на почеток. Што значи: ‘Јас ќе се трудам поради достоен човек’? А приори, не треба да се трудите за некој и поради некој, бидејќи е во прашање вашиот сопствен развој, туку да се трудите во било кој однос само за себе. Ако постои маж во вашиот живот, запрашајте се искрено, дали јас заслужувам друг?

Саканиот човек- не е тој со кој можете да уживате 100% од времето. Саканиот човек е оној поради кој сте подготвени да ги надминувате потешкотиите и да се менувате. Оној кој го прифаќате потполно, без остаток!

извор: http://econet.ru

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: