Голема е разликата меѓу откажување и сознанието кога навистина е доста

Постојат приказни, односи и врски кои повеќе ништо не даваат. Тие се како јаже кое е премногу затегнато, како змај кој сака да побегне, како воз кој мора да тргне на време и кој не можеме да го застанеме. Отпуштањето не е чин на кукавичлок и предавство, бидејќи да се знае кога е доста, вистински е чин на храброст.

Не сме подготвени да се дистанцираме од луѓе кои ни се важни или да престанеме да вложуваме време и енергија во приказна, која ни беше важна до неодамна. Велиме ‘не сме подготвени’ бидејќи нашиот мозок е многу отпорен на промени. Оваа состојба на умот секогаш да останеме во исти простори, во исти занимања и во друштво на исти луѓе многу ни го отежнува преминувањето на нашата зона на комфор..

Оваа речиси опсесовна врзаност за она што знаеме не’ наведува да си кажеме себеси работи како ‘подобро ако подолго се опирам’ или ‘чекам уште малку да видам дали работите се менуваат’. Меѓутоа, совршено добро знаеме дека одредени промени никогаш нема да се случат и дека понекогаш малку долго да се издржи, значи предолго чекање. Не’ воспитуваа на класична и неправедна идеја според која ‘она што нема да те убие, тоа ќе те направи посилен’ и дека кој ќе напушти нешто или некој тоа го прави затоа што се откажува и затоа што силата на волјата му се намалува.

Не е секогаш лесно да се сфати кога е доволно. Кога ќе се сопнеме, паднеме и се повредиме, не се двоумиме веднаш да се излечиме и сфаќаме дека е најдобро да го избегнуваме тој дел од патот бидејќи е опасен. Зошто да не направиме исто и со нашите врски и со секоја од оние области поради која чувствуваме болка и страдање? Ова едноставно прашање има одговор кој опфаќа сложени и деликатни нијанси.

Како прво, во животот не постојат тротоари со дупки или патеки полни со камења. Знаеме дека се овие метафори излижани, но проблемот -што е опасност во стварниот живот, не може да се идентификува со толкава прецизност. Второ, мора да запомниме дека сме суштества со повеќе потреби: за врзаност, за заедницата, за забава, за сексуалност, за пријателство, за работа… Затоа понекогаш ни е тешко да сфатиме зошто е така тешко да видиме кога нешто ја преминува границата и кога умот делува како вистински непријател шепотејќи ни повторно и повторно ‘не се предавајте, не пуштајте’.

Меѓутоа, основната и суштинската идеја мора да биде интегрирана во мозокот: оние кои ќе одвојат нешто штетно и што не нуди среќа, не се откажуваат, тие преживуваат.

Научете да ја откриете својата ‘слатка точка’. Пронаоѓањето на нашата ‘слатка точка’ е како пронаоѓање на сопствената рамнотежа. Мора да се истакне дека оваа способност не е поврзана со интуиција, туку објективно само- учење и педантно стекнато искуство и набљудување. ‘Слатката точка’ е онаа состојба во која се’ што добиваме, правиме и во што го вложуваме времето не’ задоволува. Меѓутоа, кога ќе се појави сенка на стрес, заматеност, страв, солзи или крајна исцрпеност, влегуваме во ‘горка точка’- нездраво подрачје од кое мораме што побргу да излеземе.

Да почнеме да ја активираме оваа слатка точка за да уживаме во најдобриот квалитет на животот.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/differenza-arrendersi-sufficiente

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: