Секој од нас има своја тешка приказна…

Секој од нас има своја животна приказна. Сите сакаме нешто да ја осветли нашата приказна, да ни го осветли срцето и душата. Сите ги сакаме луѓето кои ќе не’ разберат и ќе не’ направат подобри луѓе. Сите сакаме некој да ги пополни празнините во нас. Оние празнини кои животот ни ги дал да ги пополниме. Празнини кои ни создаваат болка. Се даваме себе на другите, за да ни дадат дел од себе, да ни помогнат да ја избришеме болката.

Она што другите луѓе ќе направат не зависи од нас. Колку ќе ни дадат дел од себе не зависи од нас. Колку љубов имаат за нас, не зависи од нас. Ако нивната љубов е мала, не очајувајте. Ако ви го свртат грбот, не очајувајте. Ако им верувавте а тие ве предадат, не очајувајте.

Не очајувајте…Вистината ослободува!

Сите ние имаме тешки времиња во својот живот. Како ќе преживееме зависи од нас. Какви одлуки ќе донесеме, зависи од нас. Какви луѓе ќе бидеме, зависи од нас. Се’ зависи од она што е во нашето срце. Болката и суровоста на светот е насекаде околу нас. Луѓето знаат да бидат сурови. Луѓето ќе те предадат и ќе ти го свртат грбот. Луѓето ги прават своите избори. Луѓето носат свои одлуки. Не е до нас, тоа се нивни избори.

И забораваме да летаме… Паѓаме. Доаѓа време кога не можеме да дишеме… Доаѓа време кога се чувствуваме лошо…Плачеме. Рониме солзи бидејќи никој не знае што чувствуваме. Се’ е бескорисно. Се’ е празно. И никако да научиме и никако да се навикнеме. Разочарувања…Болка која не’ фрла на дно, но не не’ уништува. Можеби не’ прави силни. Остава траг на нашата душа но не’ прави да полетаме повторно, да почнеме да дишеме со полни гради.

Во нас е уште поголема желба да живееме. Да го живееме својот живот и својата приказна со свои емоции и трагови кои останаа во нас. Да се живее без оние кои не’ оставија, повредија, ни нанесоа болка. Да се живее а да не се осудат, дури ни тивко. Да се живее и да не се биде жртва на она што остана зад нас. Секој од нас има своја приказна.

Зоја

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: