Постојаните разочарувања го нагризуваат секојдневното расположение, искуствата, па дури и мотивацијата. Некои психолошки стварности се посложени од другите. Што да правиме во тие случаи?
Се чувствувам разочарано, со тапа желба, уништена надеж, без поттик и без мотивација. Повеќето од нас, во некој момент од својот живот, ја чувствуваат вознемирувачката празнина во која нашите очекувања и нашите надежи се рушат пред суровата стварност. Тогаш се појавува оној облик на тага која се’ искривува и замаглува.
Животот е долга подготовка за нешто што најчесто никогаш не се случува. Некако, оваа идеја ја содржи очигледната вистина. Понекогаш ги негуваме целите, идеалите кои никогаш не се остваруваат. А тој несклад помеѓу она за што сонуваме и она што е постигнато, акумулира цела низа на фрустрација.
Зошто во последно време се чувствувам разочарано? Велат дека кога ќе исполнувате многу очекувања, треба да се подготвите за неколку разочарувања. Меѓутоа дали е тоа норма? Значи ли тоа дека можеби не е добро да се постави повеќе од една желба, цел и очекување? Во стварноста, едно човечко суштество ќе ја изгуби својата суштина ако престане да негува соништа и краткотрајни цели. Тоа е она што отсекогаш го работевме и што секогаш ќе го работиме.
Меѓутоа постои имплицитно правило кое не’ потсеќа дека е добро да се научи подобро да се носиме со тоа- секогаш присутно растојание помеѓу очекувањата и она што судбината ќе ни го донесе подоцна. Кога сум разочаран, доживувам духовен пад, апатија, фрустрација и потполн недостаток на мотивација. Дали ви е ова психолошка стварност позната? Ако го почувствуваме ова собирање на сензации, во основа е тоа разочарување кое содржи две најтешки емоции со кои може да се управува: тага и жалење.
По покајувањето, не’ обвива магла на тага. Тоа несомнено го прави наведеното искуство замрсено, повеќе отколку што мислиме, бидејќи во него се составуваат повеќе чувства.
Веќе долго сум разочаран: ланец на загуба. Кога ќе се разочараме, она што навистина е- чувство на загуба. Не се случи она за што копнеевме. Она што зедовме здраво за готово исчезна. Личноста која ја ценев повеќе ја нема мојата доверба. Сите овие недостатоци оставаат траг на тешко страдање кога собираме повеќе разочарувања. Ова во многу случаеви може да доведе до депресија.
Како да се носите со разочарување? Разочарувањето е длабок облик на тага здружен со дебел слој на жалење. Затоа е изненадувачки аспектот на оваа стварност, тоа што луѓето често се трудат да го избегнат признанието на тие чувства. Навикнавме да се преправаме дека сме добро и поради тоа мора да ги искривиме мислите уверувајќи се себеси дека е ‘подобро да не се размислува за она што се случило и да се сврти нова страница’. Тоа е како некој кој има сериозна рана на телото, секој ден да ја покрива со маица, трудејќи се да не ја гледа раната и другите да не ја гледаат. На крајот ќе се појави инфекција и болката ќе се зголеми.
Што да правам ако се чувствувам разочарано? Еве неколку стратегии за размислување. Првиот чекор е да се сфати дека разочарувањето постои во нашиот емоционален регистар со многу одредена цел. Не’ тера да увидиме и да сфатиме дека она што имавме, го земавме здраво за готово или она што посакуваме, нема да биде можно да се оствари. Затоа избегнувањето на внатрешната стварност може уште повеќе да го влоши неговото присуство. Прифаќањето на она што не може да се промени е несомнено пресуден чекор кон ослободувањето од разочарување.
Разочарувањето најчесто не’ носи кон погрешни места. Филтрирање на секое искуство на логичен, фокусиран и објективен начин ќе ни овозможи да престанеме да ја храниме тагата и жалењето. Дури тогаш на утрешницата ќе гледаме пореално, поставувајќи нова очекувања. Секако, претставувајќи за возврат дека животот не е совршен, а уште помалку фер. И покрај тоа, животот може да ни даде прекрасни работи. Ако сме мирни и подготвени, треба да бидеме во состојба да поминеме низ секое разочарување.
извор: gedankenwelt.com
Leave a Reply