Секоја љубов е вистинска. Секоја љубов која ја ‘привлече’ во твојот живот, во одредени моменти е вистинска за тебе. Се смееш и си мислиш, која е оваа што многу мудрува. Знам, но размисли.
Во твојот живот влегуваат луѓе, бидејќи мора да поминеш одредени лекции, за да бидеш таму каде што си. Исто така и луѓето да научиш да ги сакаш и да живееш со тоа. Никој од нас на почетокот не знае како вистински да се сака, добро и позитивно да сака, а според тоа и да се однесува. И точно е дека повеќе пати сме биле лоши, фрустрирани, ладни, груби… И Не сфати зошто тоа на некои личности не им штима и како односот не мора секогаш да функционира. Всушност, се’ што доживеа, те изгради.
Знаеш ли дека не може да помине поинаку, бидејќи тогаш нема да бидеш ваква каква си сега? Знаеш ли, она- ‘Што би било, кога би било’ никогаш нема до крај да му го признаеш на душата и срцето, во себе да го примиш… Но, навистина, можеш ли да замислиш како ќе изгледа ако љубовта предизвика најголема среќа и посакуван однос? Признај си, не можеш. Бидејќи не си била комплетно среќна, не.
Секогаш има некои ‘препреки’ и разни проблеми. И не, не е тоа само до нив и до тебе е. Не беше подготвена тогаш, како што не си ниту сега. Знаеш ли, најтешко е тоа на срцето да му го признаеш, а уште потешко да го сфатиш?
Само затоа што не можеше да трае, не значи дека никогаш не беше вистинска љубов, не значи дека не бевте вистински. Бевте, тогаш. Но, одбравте поинаков пат, ова каде што сте сега.
Имав врска, подолга, по малку необична, убава. Не’ делеа далечини, работа, луѓе, живот. Тогаш, секој ден бевме благодарни, бидејќи бевме заедно. Тогаш, секој ден едвај го чекавме оној момент кога ќе зборуваме по телефон или преку камера, за да се видиме, да се насмееме, за да го преживееме полесно денот и раздвоеноста.
Посакување и стравови.
Знаеш, тоа беше една од потешките лекции, која болеше неизмерно. Но, вредеше. Покрај таа личност сфатив дека моите граници во љубовта не постојат. Сфатив дека после сите минати крахови, во мене и понатаму гори истиот жар, дека и понатаму можам со сета сила да сакам и живеам. Нешто посебно убаво и горко беше да се исчекуваат заедничките средби, а уште поголема е горчината и тапата болка во градите, која се јавуваше после секоја нова разделба. Најтешко беше да се носам со стравот, со она- што ако еден ден се разбуди и сфати дека повеќе не сака и не може?
Најтешко беше да се сака толку силно, секоја негова воздишка ти недостига, убиваше секоја секунда посакувајќи го само тоа гушкање и потврда дека сте и понатаму тука, на место. Не, не се работи за тоа дека не се сакавме. Ниту дека премногу се сакавме. Работата е во тоа што ние тогаш, најголеми романтичари, го одбравме животот наместо љубовта. Колку и да е посебно и силно, двајцата чувствувавме дека не можеме повеќе.
Љубов vs приоритети
Не дека нема за што да се бориме, бидејќи не се каравме ниту се гушевме со недоверба и љубомора. Едноставно, престанавме да очекуваме дека некој ќе направи огромно отстапување, ќе го напушти сегашниот живот и понекои соништа, само за да се биде заедно несреќни. Среќни, а сепак несреќни. И не, не може да ми каже било кој дека тоа не чинеше, дека без врска се откажавме, дека се’ беше фарса. Бидејќи не е. Се сакавме и повеќе од доволно, за да знаеме да препознаеме кога таа љубов го прави она деструктивното, кога не’ одвојува од нас самите.
Но, еднаш се разбудивме, ист ден, одвоени а во мислите заедно, чувствувајќи ја сета тежина на таа љубов и голема тага, како огромен дел да фали и никогаш нема да се врати. Му се јавив, зборувавме и низ солзи и страв си признавме еден на друг дека вака ќе се уништиме. Емоциите и понатаму беа тука, но не беа неопходни за преживување, бидејќи губиш денови, губиш прилики за работа на соништата, како и сила. Тука, помеѓу јаве и сон, љубов и стварност, се разделивме како најдобри пријатели. И често кога ќе помислам на тоа, чувствувам мир. Бидејќи знам, дека го направивме најдоброто тогаш.
Да се сака значи да се има моќ да се пушти
Знам дека сега ќе бев комплетно друга жена и немаше да ми одговара друго ниту најмалку, бидејќи сакам се’ она што сум денес. Немаше ниту тој да биде среќен гледајќи ме мене како тагувам. Исто така, знам, сите љубови се вистински и големи, иако понекогаш не ни се чини така. Колку и да траат, секогаш оставаат лузна на нас, како спомен на она што бевме подготвени да поднесеме, бидејќи верувавме. И така треба, бидејќи тоа е суштината на животот и љубовта.
Да не се оптеретуваме со траење и минливост, туку да живееме до последен здив секој ден и секој момент. И пред се’, да научиме да се сакаме себеси и партнерот, да го почитуваме доволно за да го пуштиме кога повеќе не оди.
Далечините немаат врска со љубовта. Немаат врска со чувството во нас. Далечините се тука како предизвик, со кој се одлучуваме да се фатиме во костец или не. Далечините не се показател за успех во љубовта, ние сме. Тие, како и раскинувањето, не го намалуваат фактот дека љубовта била, дека и понатаму ќе има респект и емоции, дека повторно ќе бидеме некаде на друго место.
Цени ја љубовта која ја примаш и која ја даваш, цени ги сите различности низ кои помина. И биди благодарна, бидејќи дојде до тој стадиум, каде љубовта не ја селектираш ниту во еден кош и свесна си за нејзината убавина и сила.
by Рита
Leave a Reply