Уморен сум пријателе, така проклето уморен……
Уморен од чекање, надевање, луѓе кои глумат, љубов која трае пократко од едно пакување цигари. Се уморив, велат ништо полошо од тоа. Не сакам повеќе ниту телефонот кога ми ѕвони, сите разговори се исти, вртат во круг, вечно на неважни теми го трошам времето.
Животот е пред мене, а јас веќе сега сакам да го вратам времето. Ова денешново во срцето мое не опстанува. Не сакам копии, а денес премногу ги има, секој на секој личи. Сите посакуваат да ме имаат, да ми подарат врели ноќи, како јас тоа да го можам.
Мене ми фали љубов, а тие се’ ми даваат освен љубов. Ноќите бурни, а наутро не се познаваме, тоа е нивна парола. Не можам јас тоа, простете, малку сум стар за тие будалаштини. Маж сум, не сум дете. Не мора своето его со безброј жени да го пумпам, не мора со нив пред светот да се фалам, да собирам трофеи, бројки, не ми е гајле.
Јас сакам да сакам, да имам на кој да му го раскажам денот, пред некој од срце да се насмеам, солза да пуштам кога животот ќе ме натера.
Сакам да ти зборувам за детството, да ти го опишам секој детал од мојата младост, моите соништа да ти ги прераскажам. Зошто ноќите ги сакам, утрата по навика ги дочекувам. Јас ќе ти подарам дел од мојата душа, срцето верно да те чува, на рацете ќе им наредам вечно да те гушкаат, усните засекогаш на услуга да ти бидат, секој дел од мене, да стане дел од тебе. Се’ што беше, крај мене да заборавиш, се’ што те боли, да го излечам, се’ што сакаш, да исполнам.
Се’ сакам јас, но не знам дали постоиш. Да бидам сигурен дека такви како ти не исчезнале. Дека постои барем уште една која мене ваков ме сака, само една на овој свет не наседна, па по погрешен пат тргна. Создадов слика за тебе во главата, како таму некаде, замислена во далечина гледаш, чекаш ден кога судбината ќе не’ спои, вечни два сонувачи, конечно исти соништа да живеат.
Уморен сум, повторно да ти кажам. Овој свет дефинитивно срцата кои сакаат- не ги сакаат. Не прашувај ме како знам и зошто сум ти така долго сам. Тебе те чекам нешто да смениш, само дојди, додека не е доцна, бидејќи се’ има рок на траење, се’ само вистинската љубов Не. Тоа ќе ти го докажам, кога ќе се појавиш.
Петар
Leave a Reply