Понекогаш не сум тука за никој, си требам себеси. Понекогаш треба да се слушам себе, да ги врежам своите простори, да ги ублажам своите ќошиња. Од таа причина, ако не одговарам на пораки или ако својот мобилен телефон го ставам во нечуен режим на неколку часови или неколку дена, не значи дека му ја затворив вратата на светот, бидејќи едноставно зедов некое време за себе, за онаа личност за која предолго заборавив да се грижам.
Да се биде за сите тука секој ден, носи многу висока каматна стапка. Ваквата ситуација, продолжена временски, лесно може да доведе до проблем со депресијата, па затоа мора да се чуваме од следниве симптоми: Голем умор кој понекогаш не сме во состојба да го опоравиме со спиење или ноќен одмор. Главоболка, мигрена. Болка во грбот. Лошо варење. Постојано чувство на досада, губење на интерес за живот. Нетрпение и раздразнетост. Фрустрација, циничен коментар, лошо расположение, постојана апатија…
Колку и да е чудно, живееме во хипер- стимулација и хипер- побарувачка, што на крајот не’ дрогира. Стануваме нечувствителни на сопствените потреби, странци во срцето и изгубени скитници, забораваме каде е нашето место и каде живее нашата душа. Ако се изговори на глас- ‘овие денови не сум тука за никој, туку само за себе’, на никој не му се прави неправда, ништо не се предвидува, а светот и понатаму ќе се врти како ништо да не се случило.
Меѓутоа, ќе се случи нешто прекрасно: ќе му дадеме зелено светло на емоционалното исцелување, ќе си дадеме себе време, внимание и простор да се тргнеме. Тоа е помалку, како да сме влегле во кората на дрвото за да воспоставиме контакт со сопствените корени, враќајќи се речиси во положба на фетус, за да се храниме и да овозможиме нашите лисја и гранки да пораснат високо и слободно да се приближат до небото. Мора да расчистиме со фактот дека ќе има денови кога вкупниот и апсолутен приоритет сме само ние. Јасно ставање до знаење на оние околу нас дека тоа не е облик на себичност. Верувале или не, денови кои ни се потребни се многу. А ставање на нашето име меѓу ‘приоротети’ не е само препорачливо туку и задолжително.
извор: https://lamenteemeravigliosa.it/volte-sono-bisogno-stessa/
Leave a Reply