Ако беше доволно силна да го сакаш, биди доволно силна и преболи го

За жал, не можеме да бираме во кој ќе се вљубиме и затоа често се вљубуваме во погрешна личност. Често можеме да заглавиме во нездрава врска која не сакаме да ја напуштиме поради чувствата кои ги имаме кон таа личност.

Забораваме дека го заслужуваме цел свет и ако партнерот не е во состојба тоа да ни го даде, време е да заминеме. Меѓутоа тешко е да се замине бидејќи сеуште сте вљубени во својот партнер иако не сте среќни. Само љубов не е секогаш доволна во врската. Ако другата личност нема желба да се труди и да се обидува, тогаш она што го правите никогаш нема да биде доволно.

Не можете да поправите нешто што не е судено. Вие заслужувате врска во која од вас нема да бараат само вие да вложувате огромен труд, туку заслужувате да бидете покрај некој кој подеднакво ќе се труди како и вие. Никој не заслужува да биде во еднострана врска каде само една личност прави се’. Само е прашање на време кога ќе станете огорчени и разочарани.

Не е можно да имате успешна врска ако и двајцата не се трудите врската да биде успешна. Една од најчестите причини зошто врската не функционира може да биде тоа што на личноста не и’ е место покрај вас и во вашиот живот. Ако остане подолго може да манипулира со вас, тоа само дополнително ќе ве повреди. Не заслужувате ништо од ова и затоа е можеби подобро да се откажете од некој без оглед на вашите чувства кон неа.

Заслужувате некој кој ќе ви покаже колку се грижи за вас и кој ќе покаже колку ве цени и почитува. Вистинската личност нема да направи да се чувствувате лошо и несреќно. Без оглед колку верувате во тоа- не е ваша сродна душа. Вистинската личност ќе направи да се чувствуваш ценето и сакано.

И колку да е болно да се помине низ раскинување, подобро е и тоа отколку да се биде во врска со некој кој не е подготвен да направи се’ за вас. Кога ќе соберете сила да излезете од лоша врска, ќе бидете посилни и посигурни во себе. Тоа нема да биде лесно, но еднаш кога ќе успеете вашите идни односи ќе бидат многу подобри, бидејќи никогаш нема да дозволите себеси повторно да поминете низ исто страдање и болка.

Немој да бидеш оставена, биди таа која остава. Немој да си го трошиш времето. Заштити се себеси и своето срце на време и излези од врска која не те прави среќна.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: