Бидете внимателни кога ги оставате оние кои ве сакаат, можеби ќе зажалите

Постојат луѓе кои успеваат да ви дадат љубов која делува речиси бесконечно. Тоа се оние партнери кои неверојатно ви помагаат и кои можат да направат се’ за вас. Способни се да ви ја покажат својата љубов со своите постапки и зборови. Но и покрај тоа вие одлучивте да ги напуштите. Можеби имавте илјада причини, можеби не можевте да возвратите љубов која ви се нудеше или не бевте подготвени да сакате.

Од некоја причина го скршивте срцето на партнерот кој длабоко ве сакаше и продолжи тоа да го прави кој знае колку долго. Можеби оваа личност јасно ви изјави љубов, не сокривајќи ги своите чувства, верувајќи многу во таа љубов. Не се сомневавте во тоа што некој чувствува кон вас, но сепак одлучивте да ја прекинете врската. Кога е готово, значи дека во таа врска недостасува љубов. Кога повеќе ја немате на располагање таа личност, сфаќате колку тој партнер бил способен да ви го подобри животот. Можеби мислите дека погрешивте или тоа подоцна ќе го сфатите.

Сфаќате дека тој партнер веруваше во вас иако никој друг немаше такво чувство. Како да ве разбираше во длабочината на душата и покрај сите потешкотии. Верувавте дека можете да најдете подобро, бидејќи видовте недостаток кај него кој едноставно не можевте да го поднесете или можеби само ја искористивте таа мана како изговор да ја прекинете врската. Сепак, не мора да се грижите, бидејќи на сите тоа ни се случува. Секој од нас посакува да го најде најдоброто.

Кога барате повторно голема љубов, сфаќате дека можеби тоа било тоа и дека направивте голема грешка. Сфаќате дека вашиот партнер ви укажуваше дека сте најдобрата личност со која ќе го помине остатокот на животот и покрај сите негативни работи кои можеби му ги кажавте. Како тој партнер во вас да гледаше совршенство.

И кога малку подобро ќе размислите, можеби ви се чини дека бевте неправедни кон него. Со тек на време најверојатно исто така ќе го надминете сеќавањето на оваа врска која одлучивте да ја прекинете. Ќе ве утеши фактот дека вашиот бивш партнер повторно почна да сака, храбро како и секогаш. Гледајќи дека среќата повторно поминува низ неговиот живот, ќе се чувствувате подобро и ќе сфатите дека направивте вистински избор. Бидејќи заслужи подобро.

Сепак, секогаш ќе имате одредена меланхолија, со надеж дека врската нема никогаш да престане. Тоа ни се случува многу често: кога ќе се откажеме од нешто поради кое сме се чувствувале добро, никогаш тоа нема да го заборавиме. Она што еднаш ви се допадна, засекогаш ќе ви се допадне. Можеби навистина направивте една од најголемите грешки во животот што пуштивте таква личност, но не се обвинувајте себе премногу, бидејќи можеби тоа не била вистинска ситуација.

На крајот на краиштата, да се пушти личноста која не’ сака секогаш е тешко без оглед дали тој партнер е вистински за нас или не. Секогаш имајте на ум дека во љубовта е важно да се биде во право време на право место.

извор: https://aprilamente.info/fai-attenzione-quando-lasci-andare-chi-ti-ama-potresti-rimpiangerlo

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: