Изразете ги своите емоции на време, не чекајте да експлодирате

Многу е важно да научите искрено да зборувате, од срце, ако сакате добро да комуницирате со луѓето. Ова веројатно звучи едноставно, но всушност не е. Не се работи само за разговор. Исто така не се работи само за тоа да знаете што треба да се каже, туку треба да научите да зборувате на време, да не чекате да се собира во вас.

За емоциите не се разговара само кога добро се чувствувате. Всушност многу е поважно да се зборува за тоа кога работите одат на добро. Ако се чувствувате збунето, вознемирено или несигурно, молчењето и тишината дефинитивно не се излез.

Изразете ги своите чувства. Разговарајте за тоа што ве мачи. Не се затворајте во себе и не дозволувајте тоа да ве повреди. Мора да кажете што ви е на ум и да ги искажете своите чувства во секоја ситуација. И мора да го направите на време- да не чекате. Не е секогаш лесно да се најде вистинскиот момент, но многу ќе постигнете и со самиот обид. На овој начин исто така постигнувате и поголема благовременост и точност.

Нема точна формула за утврдување што е добра, а што лоша комуникација. Но постои начело според кое можете да се водите. Само треба да ги изразите своите чувства кога ќе почувствувате силна потреба. Направете го тоа кога ќе почувствувате дека ќе ви донесе олеснување.

Факт е дека чувствувате силна потреба да ја кажете вистинската работа која ви паѓа на ум кога сте нервозни и лути. Затоа постои и второ важно правило за добра емоционална комуникација. Правило е да не зборуваме во моментите на интензивни и страствени моменти. Единствено дишете длабоко.

Почнува како нешто што малку ви смета, а завршува како експлозија.

Кога нешто ви смета, кога ве фрустира или тоа го порекнувате, тоа значи дека имате чувство на незадоволство. Ако сакате да се ослободите од непријатноста, вие често одлучувате да го игнорорате она што емоциите ви го пренесуваат. Тоа е грешка. Тоа значи да негирате дека чувствувате она што чувствувате или тоа пак го потиснувате. Се’ што постигнувате е криење на ‘тоа нешто’ длабоко а тоа пак почнува да се однесува како темпирана бомба која чека да експлодира.

Ова се однесува на било какви емоции кои се појавуваат во ситуации кои ви се важни. Да се биде тивок не е опција. Ако молчите, потиснатиот судир може да експлодира во било кој момент.

Да се биде тивок и молчелив не е опција. Ако молчите, потиснатиот судир може да експлодира во било кој момент. И тоа на најлош можен начин. Понекогаш се појавуваат и во големи изливи на бес. Во други случаи се покажува како однесување кое ги повредува другите луѓе.

Штетните емоции секогаш ќе најдат начин да излезат, ако не ги ослободите. Кога тоа ќе го направите, искажете ги своите чувства. Но, направете го тоа смирено, тактично и со желба да постигнете разбирање со вашите чувства. На тој начин нема да им дадете слобода да направат тоа што ќе посакаат. Со други зборови, нема да реагирате импулсивно, па потоа да жалите.

избор: gedankenwelt.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: