Никој со вас нема да прекине одеднаш ако навистина нешто му значите

Факт е дека односите и чувствата можат да се забрзаат, но љубовта кога- тогаш ќе се прекине. Кога тоа ќе го сфатиме, многу е логично да прифатиме дека животот ќе се менува од еден во друг момент и дека ни е потребен план Б, дури и Ц. Меѓутоа, не е логично тие промени да се случуваат преку ноќ и во врска полна со љубов, раскинувањето да дојде толку неочекувано.

Кога тоа ќе го почувствувуме, почнуваме да размислуваме како се случи тоа и кои се причините што партнерот раскинува со нас. Она што се случува кога со часови се грижиме за тоа е очигледно; пред нашите очи се одигрува филм, кој се обидуваме да го разбереме, но безуспешно.

Се обидуваме да најдеме изговори за личноста која не’ занемарува, која се однесува поинаку од порано. Ако сме потполно скршени, не гледаме начин да станеме и да гледаме напред, по раскинувањето, да се посветиме себеси.

Како да знаеме дека на некој му значиме?

На крајот од денот, се’ се сведува на фактот дека личноста која не е подготвена да не’ поштеди од страдање, едноставно не ја заслужува нашата љубов. Еве најважни 4 знаци дека не сте ценети и треба да се размисли за раскинување.

1. Личноста не се грижи за вашето страдање. Фактот дека на таа личност гордоста, улогата и интересите се поважни од вашата благосостојба е показател дека меѓу вас двајцата нешто не е во ред.

2. Вашиот партнер не се чувствува одговорен за тоа што се чувствувате виновни и себични кога барате повеќе простор за себе. Ова и претходната точка значи дека не се почитуваат основните начела: разбирање и уважување.

3. Подобро се чувствувате кога се отсутни. Повеќе ништо не делите еден со друг. И не затоа што не сакате, туку затоа што е се’ поважно од вас двајцата или подобро речено од вас. Оваа личност повеќе не е заинтересирана да се чувствувате посебно и не постои љубов во животот.

4. Таа личност повеќе не се грижи за вас. Можеби ќе се чувствувате повеќе поврзани со таа личност во добро, отколку во лоши моменти. Вашиот партнер во такви моменти не е покрај вас, не е ниту загрижен за вас. Нели е тоа доволен знак кој ви зборува дека нешто не е во ред во вашата врска и дека треба да се размислува за раскинување?

Не вреди да се помрднат планини за некој кој за вас нема ниту камче да помести. Ќе дојде момент кога е најдобро да се простите од луѓето кои не ве ценат и да се ослободите себе и своите емоции.

Leave a Reply

Up ↑

%d