Љубовта е концентрирана кинетичка енергија, најсилна во природата

Љубовта помеѓу двајца луѓе чии аури хармонично се соединуваат, произведуваат вибрации за кои поетите пишуваат и искажуваат неверојатна магичност. Понекогаш се случува во моментот кога таков маж и жена ќе се сретнат, двајцата инстиктивно да го препознаат своето второ јас и тоа во очите на оној другиот. Очите без причина не се нарекуваат огледало на душата. Двајца луѓе во еден момент ќе го чувствуваат непобитниот факт дека веќе биле, се и дека засекогаш ќе бидат едно; дури и тогаш кога е можно со векови да и’ се опираат на својата судбина и кога се обидуваат да се избегнат едни со други.

Понекогаш без ниту еден изговорен збор, тие знаат дека само еден со друг можат да стигнат до единство и само ако се заедно можат да бидат комплетни во секој поглед.

Маж и жена, кои се души кои припаѓаат, речиси не мора да ги изговараат зборовите ‘Те сакам’…ниту еден човек не може да ги раскине врските помеѓу нив двајцата, дури ниту тие сами. Силата која нив двајцата така ги креирала, семоќна е и неуништива. Врската меѓу нив може да ослаби, нивното конечно соединување може да се одложи, но не можат да се раздвојат. Таа е вткаена во временската машина, диктирана со наше водство.

Сигурно дека има повеќе од случајност -душите кои си припаѓаат, од целиот свет да се најдат во ист момент на исто место. Одредени духовни енергии се тука да се грижат за нивните средби, со иста сигурност со која се грижат за миграциите на птиците и паѓањето на кометите и тие енергии се водени со ист закон на Универзумот, законот на кармата.

Судбинските врски не можат да бидат раздвоени дури ни преку искуството на смрт. За време на овие временски периоди на раздвоеност, без оглед на далечината на нивното траење, овие личности се чувствуваат многу осамени, празни и некомплетни.

Љубовта е многу повеќе од обични сеќавања. Дури и кога ќе се открие душата која ни припаѓа, многу често се појавуваат компликации во вид на тестирање, кои предизвикуваат долготрајна болка. Само тогаш кога континуирано се практицира толеранција и простување, болката може да се избегне. Возвраќањето на болката со болка, може да предизвика уште поголема заемна болка, преку кармички причинско- последични ефекти.

Поетот Еmmett Fox еднаш рече: ‘Не постои далечина која љубовта не може да ја премости, нема болест која силно испратената љубов не може да ја излечи. Љубовта може се’ да победи. Таа е концентрирана кинетичка енергија, најсилна во природата. Само кога можете да ја оддржите љубовта цел живот, невозможно е еден сон да не го претворите во стварност.

извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading