Личноста која ја навредивте ќе се врати за да го ‘наплати долгот’

Кармата е непристрасна сила која речиси прецизно функционира. На крајот секој добива тоа што ќе заслужи, без оглед колку време ќе помине. Да, многу е погрешно да се лажат другите, лошо да се однесуваат кон нив и да се обидуваат да ги понижат. Но, треба да бидете посебно внимателни како се однесуваат добрите луѓе во вашиот живот- оние кои ве сакаат и добро се однесуваат кон вас.

Некои луѓе ќе влезат во вашиот живот за да ви дадат одредени лекции, да сочувствуваат со вас, да ве ‘топлат’ и да ве тешат кога тоа ви е најпотребно. Некои луѓе во вашиот живот едноставно се ‘транзитни патници’. Но, тоа не значи дека сакаат да ве повредат. Не, тие се исто така гласници на Вселената кои мораат да ја одиграат својата улога во вашиот живот.

Вреди да се запрашате секој ден: ако некој постапува кон мене онака како што јас постапувам кон него, дали и понатаму ќе биде задоволен со она што се случува? Ставете се на местото на оние со кои комуницирате. Запишете ги зборовите кои ги кажавте и прочитајте ги и обидете се да ги почувствувате. Како тие влијаат на вас, мислите дека тие се добри зборови?

Односот со луѓето кои сакаат да ви помогнат не треба да ги доживувате како ‘еднократна врска’. Да, вие и тој некој можеби имате судир на интереси или може да ви се чини дека некој кој го знаете нешто погрешно протумачил- во тоа нема ништо лошо. Не мора да бидете совршена личност. Но, мора да имате на ум дека вашите зборови и постапки силно ќе влијаат на другите луѓе. Покрај тоа, мора да сфатите дека секое ваше негативно делување може да ви се врати и да ви нанесе подеднакво толку болка. Затоа, не е така тешко добро да се однесуваме кон луѓето.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: