Невербална комуникација: 5 техники кои можат да ви помогнат

Не се само зборовите важни за комуникација и воспоставување на односот. Невербалната комуникација е клучна за она што зборуваме и како зборуваме во повеќе ситуации. Тие одат рака под рака со јазикот. Затоа треба да научуме да ја читаме невербалната комуникација за да можеме да ги протумачиме зборовите, а пред се’ луѓето.

Во оваа статија ќе научите пет техники за совладување на невербалната комуникација. Секогаш имајте на ум дека вашиот говор на телото и движењата можат многу да откријат за вас. Добар набљудувач може да го протумачи вашиот говор на телото за да дознае што навистина мислите.

Запознајте се себеси

Една техника за совладување на невербалната комуникација е запознавање на себеси. Ова е најдобар начин за учење за себе, кое ќе ни помогне да откриеме кои сме навистина. Што значи, кога ќе се фокусираме на себе, ќе сфатиме кои сме навистина. Научете зошто треба да ја користите оваа врста на невербална комуникација. Се чини дека оваа задача е лесна, но дефинитивно не е. Но, може да ви биде од голема помош во сите подрачја од животот, бидејќи што повеќе се запознавате себеси, имате повеќе можност од својот живот да направите она што навистина посакувате.

Нашето лице одразува кои сме ние навистина.

Се вели дека на лицето можете да прочитате повеќе отколку што зборовите можат да искажат. Очигледно е дека постојат луѓе кои се способни да завладеат со невербалната комуникација така да другите неможат да видат што навистина им се случува и каква им е моменталната состојба на умот. Но, општо зборувајќи, факт е дека изразот на лицето зборува повеќе за таа личност. Лицето содржи многу различни мускули, кои ја откриваат нашата вистинска емоционална состојба. Постои дури и наука чии теории се темелат на изразот на лицето која се нарекува морфолошка психологија. Значи, очигледно е дека може да се дознае многу за таа личност по изразот на лицето.

Како можеме да го контролираме изразот на лицето за да ги сокриеме емоциите и правилно да ја користиме невербалната комуникација? Тоа е прилично тешка задача. Нашето лице и неговите мускули направени се така да ги покажуваат основните емоции на лутина, тага, изненадување или радост. И во секој од нив постојат различни механизми. Значи, во овој контекст можеме само да ги ‘лажираме’ своите чувства за да ги сокриеме. Затоа ги заменуваме вистинските чувства кон другите.

Она што може да ни помогне е да се набљудуваме себе во огледало еден подолг временски период додека конечно не научиме да го контролираме изразот на лицето. Тоа значи: кога на пример, чувствувате тага, замислете некоја друга ситуација додека вашиот израз не почне да се менува. При тоа ќе ги користите мускулите на своето лице. Тие ќе имаат главна улога во ‘прикажување’ на вашето лице на она што замислувате.

Директен контакт со очите

Добра техника која ја поддржува невербалната комуникација е директен контакт со очите. Избегнување на нечиј поглед е знак на голема несигурност кон себе и огромен недостаток на доверба. Но, ако соговорникот го погледнете директно во очи, имате чувство дека се среќавате во висина на очите и откривате многу малку за себе- уште една техника за вежбање на невербалната комуникација. Бидејќи на овој начин само овозможувате вашиот соговорник да препознае онолку колку што сакате да покажете за себе.

Бидете свои

За да ја совладате невербалната комуникација, мора да бидете природни и спонтани. Што подобро се познавате себеси, помалку се грижите дека ќе покажете она што не сакате да покажете. Во согласност со тоа, тоа е најлесен начин да го изградите односот со некој и не се грижите што откривате за себе или што пренесувате со своите движења или гестови. Научете да бидете искрени кон себе и однесувајте се во согласност со својата личност, фокусирајќи се на она што не одговара на вашата природа. Вака полесно ќе ги менувате лошите навики.

Бидете сталожени

Одржување на смиреност е едноставен начин на невербална комуникација. Страв, нервоза или вознемиреност не’ наведуваат да откриваме премногу за себе со гестови и израз на лицето. Никогаш не смеете да заборавите да бидете потполно свои и смирени и обидете се да го запознаете секој аспект на своето битие и своето однесување. Кога тоа ќе научите да го контролирате, користењето на невербалната комуникација ќе биде многу едноставно.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: